Алимија (грчки: Αλιμιά) — грчки остров кој се наоѓа во југоисточниот дел на Егејско Море, помеѓу Родос и Халки. Припаѓа на групата острови Додеканези. Површината на островот е 7,4 квадратни километри и има крајбрежје од 21 километар. Островот имал малобројно население до периодот на Втората светска војна, а во последниве децении останал ненаселен.

Алимја
Αλιμιά
Алимја
Алимја
Алимја is located in Грција
Алимја
Алимја
Местоположба во областа
Alimia.jpg
Координати: 36°16′N 27°42′E / 36.267° СГШ; 27.700° ИГД / 36.267; 27.700
ЗемјаГрција
ОбластЈужен Егеј
Најг. вис.&10000000000000274000000274 м
Најм. вис.&100000000000000000000000 м
Население
 • Општ.0
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Островот го споменува Плиниј под името Евлимнија, поврзан со два големи заливи на островот, Емпорио и Св. Ѓорѓи, во источната и западната страна на островот, кои се безбедни природни пристаништата. Нивната употреба во антиката е потврдено од импресивните пристаништа, кои датираат од хеленистичкиот период кога припаѓале на Родос. Во хеленистичкиот период, островот бил засилен со изградбата на тврдината и се користел како пристаниште и опсерваторија. Хеленистичкиот замок преживеал до денес и се наоѓа на највисокиот врв источно од островот. Во 1475 година бил изграден замок, кога Родос и островите биле окупирани од витези. На брегот на Емпорио се пронајдени римски гробови и видливи антички ѕидини и основа на ранохристијанска базилика.

Населбата Алимија е изградена длабоко во најголемиот залив на островот. Таа вклучува неколку градби, од кои повеќето се во лоша состојба поради напуштање на населбата од 1940-тите. Северозападно од селото, на кратко растојание од брегот има мало езеро со солена вода, што е едно од 37-те природни мочуришта во Додеканези.

На октомври 2016 година белгиската организација наречена „Надвор од границите на Белгија“ пристигнала со 20 луѓе на овој ненаселен остров. Учесниците морале да преживеат 10 дена со речиси никаква храна или опрема. Не се дозволени лични предмети како мобилен телефон, душек или чисти крпи. Секој ден учесниците морале да играат игра на островот за да заработат бодови. На крајот учесникот со најмногу бодови победил на предизвикот.

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди