Александар Шепеленко
Александар Глигорије Шепеленко (17 февруари 1923 во Врело (Приштина), Косово — 1945 во Шид, Србија) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис
уредиВо Скопје се доселил во 1936 година. Завршил основно и вечерно занаетчиско училиште. Потоа изучил за машино-бравар. Работел во пиварницата во Скопје, а подоцна се вработил во рудникот Злетово, од каде заминал во партизани. Кон крајот на 1944 година стапил во Треттата македонска ударна бригада, со која учествувал во пробивот на укрепените германско-усташки позиции на Сремскиот фронт, кај Шид-Товарник. Во една од тие борби против непријателот, храбро загинал. Бил закопан на самото место каде што загинал.[1]