Александар Пешиќ - Гара
борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
Александар Стојко Пешиќ - Гара ( 1923 во Старо Нагоричане, Кумановско — 20 октомври 1944 во Треска, Скопско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Александар Пешиќ - Гара | ||
Роден | 1923 година Старо Нагоричане, Куманово, Македонија | |
---|---|---|
Починал | 20 октомври, 1944 година Треска, Скопје, Македонија |
Животопис
уредиПроизлегува од сиромашно селско семејство. По завршувањето на основното училиште работел како овчар. Како и многумина други негови соселани, бил симпатизер на НОВ. На 20 август 1944 година стапил во редовите на Третата македонска ударна бригада. Учествувал во повеќе нејзини борби. Се покажал како бестрашен борец. На 20 октомври 1944 година, учествувал во големата борба против балистите и германците во реонот на Треска. Во оваа борба се борел храбро, сè додека не бил смртно погоден од непријателот.[1]