Александар Матросов
Александар Матвејевич Матросов (руски: Алекса́ндр Матве́евич Матро́сов; башкирски: Шәкирйән Јуныс улы Мөхәмәтйәнов; украински: Олександр Матвійович Матросов; 5 февруари 1924 – 27 февруари 1943) — советски пешадиски војник за време на Втората светска војна, постхумно добитник на титулата Херој на Советскиот Сојуз за блокирање на германски митралез со неговото тело.[1]
Александар Матросов | |
---|---|
Починал | 27 февруари 1943 Чернушки, Локњански Округ, Псковска област, Советски Сојуз | (возр. 19)
Држава | СССР |
Род | Црвена Армија |
Служба | 1942–1943 |
Чин | војник |
Единица | 2 одделен пушкарски баталјон |
Битки/војни | Втора светска војна † |
Одликувања | Херој на Советскиот Сојуз |
Херојски подвиг
уредиМатросов, кој е роден во Екатеринослав (денес: Днепар), бил припадник во 2-от одделен пушкарски баталјон на 91-та независна сибирска доброволна бригада, подоцна преименувана во 254-ти пушкарски полк и реорганизиран во рамките на 56-та гардиска пушкарска дивизија на Советската армија. Тој бил вооружен со лесен митралез.[2]
На 23 и 24 февруари 1942 година, во битката за повторно заземање на селото Чернушки, во близина на Великије Луки, денес во округот Локњански, Псковската област, советските сили се бореле да земат германски тежок митралез, сместен во бетонски бункер, кој го блокирал патот до селото. Митралезот веќе ги однесол животите на многу војници на Црвената армија. Матросов се прикрал до бункерот и пушти рафал од куршуми во отворот. Еден куршум удрил во мина во внатрешноста, а митралезот привремено замолкнал. Се рестартирал неколку минути подоцна. Во тој момент Матросов физички се повлекол и го заглави неговото тело во процепот, целосно блокирајќи го оганот кон неговите другари и соборци, но по цена на сопствениот живот. Ова и овозможило на неговата единица да напредува и да го освои бункерот, а потоа да го врати селото.[1]
За неговата саможртва во битката, Матросов постхумно бил награден со одликување Херој на Советскиот Сојуз и Орден на Ленин.[1]
Сталин официјално го преименувал неговиот полк во полк Матросов.[2]
Според една од верзиите Александар Матросов всушност бил од башкирско етничко малцинство, а неговото вистинско име Шакирјан Мухамедјанов било русифицирано.
Слични случаи
уредиНа 6 август 1942 година, во битката на реката Дон, киргистански војник на Црвената армија, Чолпонбај Тулебердиев на сличен начин го искористил своето тело за да покрие германски митралез во бункер.
Според Пекинг Пипл Дејли, приказната на Матросов, исто така, го инспирирала Хуанг Џигуанг, познат кинески револуционерен маченик, да изврши сличен подвиг за време на Корејската војна.
За време на Првата војна во Индокина, во битката кај Диен Биен Фу. Еден војник од Виетнам го жртвувал својот живот за да го блокира бункерот со митралез на француската армија за да создаде можност за своите соборци да напредуваат.
Во популарната култура
уредиМатросов е главниот лик на воениот филм од 1947 година, Војникот Александар Матросов (Рядовой Александр Матросов), во режија на Леонид Луков.