Александар Китинов

Македонски тенисер

Александар Китинов (роден на 13 јануари 1971 во Скопје) е поранешен професионален тенисер од Република Македонија. Китинов станал професионален играч во 1993 а се повлекол од активно играње во 2003. Тој бил специјалист на игра во двојки, освојувајќи три титули за време на својата кариера на АТП турнеја, достигнувајќи го 38-то место на АТП листата за двојки во ноември 1999.

АТП Тур финалиња (7)

уреди

Победи (3)

уреди
Бр. Датум Турнир Подлога Партнер Противници во финалето Резултат
1. 14 септември 1997 Бурнамаут, Англија земја   Кент Кинеар   Алберто Мартин
  Крис Вилкинсон
7–6, 6–2
2. 10 октомври 1999 Базел, Швајцарија тепих   Брент Хајгарт   Жири Новак
  Давид Рикл
0–6, 6–4, 7–5
3. 16 септември 2001 Букурешт, Романија тврда   Јохан Ландсберг   Пабло Албано
  Марк-Кевин Гелнер
6–4, 6–7(5), [10-6]

Порази (4)

уреди
Бр. Датум Турнир Подлога Партнер Противници во финалето Резултат
1. 13 јули 1997 Њупорт, САД трева   Кент Кинеар   Џастин Гимелстоб
  Брет Стивен
3–6, 4–6
2. 14 февруари 1999 Сан Хосе, САД тврда   Ненад Зимоњиќ   Тод Вудбриџ
  Марк Вудфорд
5–7, 7–6(3), 4–6
3. 11 јули 1999 Гштад, Швајцарија земја   Ерик Таино   Доналд Џонсон
  Кирил Сук
5–7, 6–7(4)
4. 25 јули 1999 Штутгарт, Германија тврда   Џек Ваит   Жаими Онкинс
  Даниел Орсанич
2–6, 1–6

Надворешни врски

уреди