Александар Георгиев
Александар Георгиев ( 1917 — 1944 во Скопје) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис
уредиПо бегството од заробеништво стапил во Осмата прешевска бригада, со која се борел против балистите кај Лојане, Руѓинце, Брест и Равно. Од првиот ден на формирањето на Шеснаесеттата македонска ударна бригада се нашол во нејзините редови. Учествувал во бројните борби против балистите и Германците. Подоцна се префрлил во командата на подрачјето, каде бил поставен за инструктор по вооружување. Храбро загинал пред самото ослободување на Скопје, кај селото Бродец, во борбите против балистите. Бил закопан на селските гробишта во Љубанци.