Александар Бутлеров

руски хемичар

Александар Михајлович Бутлеров (руски: Александр Михайлович Бутлеров; 15 септември 182817 август 1886) — руски хемичар, еден од главните творци на теоријата на хемиската структура (1857–1861) и првиот кој ги вовел двојни врски во структурните формули. Роден е во земјопоседничко семејство во Чистопољ, Казањска Губернија (денешен Татарстан). Се истакнал со повеќе откритија како хексаминoт (1859), формалдехидот (1859) и формозната реакција (1861). Прв ја предложил можноста за тетраедарскиот распоред на валентните врски во јаглеродните соединенија во 1862 г.

Александар Михајлович Бутлеров
Александр Михайлович Бутлеров
Роден(а)15 септември 1828(1828-09-15)
Чистопољ, Казањска Губернија, Руска Империја
Починал(а)17 август 1886(1886-08-17) (возр. 57)
Бутлеровка, Казањска Губернија, Руска Империја
НационалностРусин
Полињахемија
УстановиСанктпетербуршки универзитет, Казањски универзитет
ОбразованиеКазањски универзитет
Докторски менторНиколај Зинин
ДокторандиАлексеј Фаворски, Владимир Марковников, Александар Зајцев, Александар Попов

Во негова чест е наречен кратерот Бутлеров на Месечината.

Наводи

уреди
  • Leicester, Henry M. (1940). „Alexander Mikhailovich Butlerov“. Journal of Chemical Education. 17 (May): 203–209. Bibcode:1940JChEd..17..203L. doi:10.1021/ed017p203.
  • Arbuzov, B. A. (1978). „150th Anniversary of the birth of A. M. Butlerov“. Russian Chemical Bulletin. 27 (9): 1791–1794. doi:10.1007/BF00929226.
  • Rocke, Alan J. (1981). „Kekulé, Butlerov, and the Historiography of the Theory of Chemical Structure“. British Journal for the History of Science. 14: 27–57. doi:10.1017/s0007087400018276. S2CID 145266929.
  • Bykov, G. V. (1982). „K istoriografii teorii khimicheskogo stroeniia“. Voprosy istorii estestvoznaniia i tekhniki. 1982:4: 121–130.
  • Brooks, Nathan (1998). „Alexander Butlerov and the Professionalization of Science in Russia“. Russian Review. 57: 10–24. doi:10.1111/0036-0341.00004.

Надворешни врски

уреди