Александар Арсовски
Александар Николов Арсовски ( 1918 во Дренак, Кумановско — 20 октомври 1944 во Треска, Скопје) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис
уредиПроизлегува од сиромашно селско семејство. Се занимавал со земјоделство, а повремено заминувал и на печалба. По успешната борба на кумановскиот одред против бандите на Дража Михајловиќ, во јануари 1944 година, стапил во партизанските единици. Првата негова борба била водена против бугарската фашистичка полиција кај Пелинце. Во истата се истакнал со храброст. Сам успеал да зароби неколку бугарски полицајци. Во редовите на Третата македонска ударна бригада се наоѓал од првите денови на нејзиното формирање. Учествувал во сите борби на оваа бригада и редовно се пројавувал како бестрашен борец. Тоа придонело да биде поставен за десетар, а подоцна и за командир на чета. Бил многу сакан раководител и почитуван соборец. Посебно се истакнал во борбите кај Страцин, Ристовац, Кратово, Свети Николе и други места. Храбро загинал во жестоката борба против балистите и Германците на реката Треска наидувајќи на непријателска заседа, во октомври 1944 година.