Алберт Кејп

(Пренасочено од Алберт Кујп)

Алберт Кејп (холандски: Aelbert Cuyp; Дордрехт, 20 октомври 1620 - Дордрехт 15 ноември 1691) — еден од водечките холандски пределни сликари во XVII век. Тој бил најпознатиот од неговата сликарска фамилија и учел кај неговиот татко Јакоб Кејп (1594–1651/52). Тој е особено познат за неговите насликани погледи кон холандската пасторала рано наутро или доцна попладне. Сончевите зраци се простираат преку неговите слики, потенцирајќи мали детали со златеста светлина. Кај големите, атмосферски панорами на руралата, потенцираните тревки на ледините, гривата на мирниот коњ, рогот на кравата која лежи крај потокот или врвот на шапката на селанецот, сите се опфатени во жолта-окер светлина. Квалитетот на боите во неговите слики е непогрешливо мајсторски. Богато лакираниот медиум ги прекршува зраците како скапоцен камен кој се разложува на многу глазирани слоеви.

Црниот паж
Дордрешкото пристаниште

Кејповите цртежи ни откриваат дека тој бил извонреден цртач. Со расветлени туширања од златнокафено мастило тој доловува далечен поглед на градот Дордрехт или Утрехт. Кејповите цртежи изгледаат или како што биле замислени сликите кои ги имал на ум, или пак како завршено дело; најверојатно ваквите дела биле враќани во неговото ателје за консултација при изработка на други дела. Честопати наоѓаме еден ис дел од цртеж во разни слики. Кејповите предели се базирале на реалноста и на неговата претстава за тоа како еден волшебен предел треба да изгледа.

Кејп ги потпишувал неговите дела, но ретко ги датирал и затоа не постои добра хронологија на неговото творештво. Нему му се препишуваат феноменален број на слики. Веројатно некои од нив се од други мајстори на златниот предел, како Абрахам Калрат (1642–1722), чии иницијали A.C. може да се помешаат со Кејповите.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди