Алаџа-имарет
џамија во Солун
Алаџа-имарет или џамија „Исак-паша“ (грчки: Αλατζά Ιμαρέτ, турски: Alaca İmaret) — поранешен муслимански храм кој се наоѓа во Солун, Егејска Македонија[1]. Објектот се наоѓа на улицата Касандар, североисточно од црквата „Св. Димитрија“.
Основни податоци | |
---|---|
Место | Солун, Егејска Македонија |
Припадност | ислам |
Епархија | Солун |
Митрополија | Солун |
Подрачје | Македонија |
Архитектонски опис | |
Архитектонски тип | џамија |
Архитектонски стил | османлиска архитектура |
Завршен | 1484 или 1487 |
Особености | |
Минариња | 1, денеска разрушено |
Материјали | камен и тула |
На влезот има натпис кој укажува дека Аладџ имарет бил изграден во 1484 година од Исак-паша, кој бил голем везир на Мехмед II и управител на Солун во времето на Бајазит II. Името Алаџа имарет, во превод значи шарен имарет и доаѓа од обоените камења со ромбоидна форма, кои го украсувале минарето на џамијата.
Од минарето е преживеана само основата. Денес Аладџ имарет се користи за изложби.
Наводи
уреди- ↑ The Sultan of Vezirs: The Life and Times of the Ottoman Grand Vezir Mahmud Pasha Angelović (1453-1474), Théoharis Stavrides, pagge 413, 2001
Надворешни врски
уреди- Слики од објектот. [1]