Азатот (англиски: Azathoth) — почеток на недовршениот роман на американскиот писател на ужасите Хауард Филипс Лавкрафт. Делот од 480 збора е напишан во јуни 1922 г. и е првото објавено дело во списанието „Leaves“ во 1938 г. по смртта на писателот.[1][2] Приказната припаѓа на циклусот „Митови за Ктхулху“ и овде за првпат се среќава древното божество Азатот, иако ова суштество се појавува само во заглавието.

„Азатот“
од Хауард Филипс Лавкрафт
Првата страница на изворниот расказ
Држава САД
Јазиканглиски
Жанр(ови)ужаси, расказ
Издаден воLeaves
Датум на издавање1938 г.

Содржина

уреди

Приказната опишува како современиот свет ја губи вообразбата и вербата во волшепството. Главниот лик е неименуван човек што живее во досаден град. Секоја вечер без прекин гледа низ прозорецот кон ѕвездите. Еден ден тој успева да го премости јазот меѓу неговиот свет и ѕвездите, а неговиот ум оди во бескрајниот простор, низ времето, за да види тајни за кои човештвото не е свесно.

Издание на македонски јазик

уреди
  • Азатот — издавач „Полиграматон“ (2023)

Наводи

уреди
  1. Joshi, S.T.; Schultz, David E. (2004). An H.P. Lovecraft Encyclopedia. Hippocampus Press. стр. 13. ISBN 978-0974878911.
  2. "H. P. Lovecraft's original fragment, 'Azathoth'"

Надворешни врски

уреди
  • Азатот врска кон „Полиграматон“, каде можете да го прочитате расказот на македонски.
  •   Дела поврзани со Azathoth на Викиизвор