Азад Хинд
Привремената влада на слободна Индија ((хинди आर्ज़ी हुक़ूमत-ए-आज़ाद हिन्द, урду عارضی حکومتِ آزاد ہند, непалски. आजाद हिन्द); Арзи Хукумат е Азад Хинд) или скратено само Азад Хинд,[5][6] била индиска привремена влада основана за време на Втората светска војна во Сингапур под јапонска окупација. Била создадена во октомври 1943 година со поддршка и во голема мера зависна од Јапонското Царство.[7]
Привремена влада на слободна Индија Ārzī Hukūmat-e-Āzād Hind आर्ज़ी हुकूमत-ए-आज़ाद हिन्द عارضی حکومتِ آزاد ہند 自由インド仮政府 | |
---|---|
1943–1945 | |
Грб[се бара извор]
| |
Статус | Марионетска држава на Јапонското Царство[1][2] |
Главен град | Њу Делхи (де јуре) Порт Блер (де факто)[3] |
Capital-in-exile | Рангун Сингапур Токио |
Демоним(и) | Индијци |
Уредување | Привремена влада |
• Шеф на држава и Премиер | Субас Чандра Босе |
Историски период | Втора светска војна |
• Основана | 21 октомври 1943 |
• Престанала да постои | 18 август 1945 |
Население | |
• | 85,000 (Армија)[4] |
Била дел од политичкото движење во 1940-тите вон границите на Индија кое имало цел да се здружи со силите на Оската за да ја ослободи Индија од британската власт. Основана е во Сингапур од индиски националисти во егзил за време на втората половина од Втората светска војна со парична, воена и политичка помош од царската Јапонија.[7] Се заснова на концептите на Субас Чандра Босе, кој исто така бил на чело на владата и шеф на државата.
Владата на Азад Хинд имала своја валута, суд и граѓански законик, а за некои Индијци, нејзиното постоење ја зајакнало борбата за независност против Британците.[8][9][10] Веднаш по формирањето на привремената влада, Слободна Индија им објавила војна на сојузничките сили на Индо-бурманскиот фронт.[11] Нејзината армија, Индиската национална армија (Азад Хинд Фауџ), тргнала во акција против Британската индиска армија и сојузничките сили како дел од Царската јапонска армија во секторот Имфал-Кохима. Владата постоела сè додека цивилната администрација на Андаманските Острови не била вратена под британска јурисдикција кон крајот на војната и со предавањето на последниот голем контингент на трупите на ИНА во Рангун. Смртта на Босе се смета за крај на целото движење Азад Хинд.[7][11]
Формирање
уредиОсновањето на Азад Хинд се поврзува со две конференции на индиските иселеници од цела Југоисточна Азија, од кои првата се одржала во Токио во март 1942 година.[12] На оваа конференција, свикана од Раш Бехари Босе, индиски иселеник кој живеел во Јапонија, била основана Индиската лига за независност како прв чекор кон независна индиска држава. Раш, исто така, создал еден вид војска за независност која ќе помогне во протерувањето на Британците од Индија - од оваа војска подоцна ќе настане Индиската национална армија. На втората конференција, одржана истата година во Бангкок, бил поканет Субас Чандра Босе за да раководи со Лигата. Босе тогаш живеел во Германија и отпатувал за Јапонија со подморница.[13]
Раш Бехари Босе, кој веќе бил во поодминати години кога Лигата била основана, имал потешкотии во одржувањето на организацијата на Лигата и не успеал да обезбеди средства за основање на Индиската национална армија. Субас Чандра Босе го заменил како претседател на Индиската лига за независност; но е непознато дали своеволно се повлекол или под притисок од Јапонците на кои им требало поенергична личност која ќе ги предводи индиските националисти.[14]
Бозе на 13 јуни 1943 година пристигнал во Токио и ја искажал својата намера да ги нападне против источните индиски провинции во обид да ги истера Британците од Индија. Босе на 2 јули пристигнал во Сингапур и во октомври 1943 година официјално го објавил формирањето на Привремената влада на слободна Индија. При дефинирањето на задачите на овој нов политички субјект, Субхас изјавил: „Задача на Привремената влада ќе биде да ја започне и да ја спроведе борбата која ќе придонесе за протерување на Британците и нивните сојузници од индиска почва“.[15] Субас Босе, од Раш Босе ја презел формалната команда на деморализираната и малубројна Индиска национална армија, и со помош на Јапонците ја претворил во професионална армија. Регрутирал индиски цивили кои живееле на териториите окупирани од Јапонија во Југоисточна Азија и придодал многу индиски заробеници од страна на британските сили во Сингапур, Малаја и Хонгконг.[16]
Министри
уредиПривремената влада на слободна Индија се состоела од кабинет предводен од Субас Чандра Босе како шеф на државата, премиер и министер за војна и надворешни работи.[се бара извор]
Признавање
уредиАзад Хинд била призната како легитимна држава од многу малку земји кои припаѓале на Оската и нивни сојузници.[17] Азад Хинд имала дипломатски односи со девет земји: Нацистичка Германија, Царството Јапонија, Италијанска Социјална Република, Независна Држава Хрватска и Владата на Ванг Џингвеи, Тајланд, државата Бурма, Манџукуо и Втората Филипинска Република.[18] Вишиевска Франција, иако била соработник со Оската, никогаш формално не ја признала Азад Хинд. Оваа влада била набљудувач на Конференцијата за Голема Источна Азија во ноември 1943 година.[19]
Владина администрација и Втората светска војна
уредиКон крајот на октомври 1943 година, Босе заминал за Токио за да учествува на Конференцијата за Голема Источна Азија како набљудувач; не можел да биде делегат бидејќи Индија технички била вон јапонската дефиниција за „Голема Источна Азија“, но Босе на конференцијата одржал повеќе говори во кои го нападнал западниот колонијализам и империјализам. На крајот од конференцијата, на Азад Хинд му била дадена ограничена форма на владина јурисдикција врз Андаманските и Никобарските Острови, кои биле освоени од Јапонската царска морнарица на почетокот од војната.[9]
Воените сили на Азад Хинд, односно ИНА забележале одредени успеси против Британците и заедно со јапонската војска извршиле опсада на градот Имфал во источна Индија. Плановите за освојување на Делхи, добиле поддршка и попатно нови регрути се приклучувале. Но, со почетокот на сезоната на монсуните планот пропаднал, а не бил заземен ни Имфал. Британското бомбардирање на нивните позиции сериозно го намалил моралот, а Јапонците заедно со војската на ИНА почнале да се повлекуваат од Индија.[20]
Покрај овие неуспеси, ИНА била соочена со огромен предизвик кога нејзините војници зимата 1944-1945 биле оставени сами да го бранат Рангун (без помош од Јапонците).
Индиски области под управа на Привремената влада
уредиРечиси целата територија под управа на привремената влада се наоѓала на Андаманските Острови, иако имала одредени овластувања врз индиските енклави на териториите окупирани од Јапонија. Никогаш не била воспоставена привремената државна граѓанска власт во областите окупирани од ИНА; јапонската воена власт била одговорна за администрирање на окупираните области на Индија.[21]
Пораз на ИНА и пад на привремената влада
уредиОставени да го бранат Рангун од Британците без поддршка од Јапонците, ИНА била жестоко поразена. На Босе му било предложено да ја напушти Бурма за да ја продолжи својата борба за индиска независност и се вратил во Сингапур пред падот на Рангун; владата што Азад Хинд ја воспоставил на Андаманските и Никобарските Острови паднала откако гарнизоните на тие острови биле поразени од британските војски, а самите острови станале британски посед. Се тврди дека Босе загинал во авионска несреќа додека патувал за Тајван во обид од таму да побегне во Русија. Привремената влада на слободна Индија престанала да постои по распадот на Оската, ИНА и исчезнувањето на Босе во 1945 година.
Војниците кои учествувале во бригадите на Индиската национална армија биле земени како воени заробеници од Британците. Многу од овие затвореници биле донесени во Индија и судени од британските судови за предавство. Во повоените години, изземањето на овие лица од гонење од страна на Британците станало главна точка на несогласување меѓу британскиот Раџ и индиското Движење за независност.[22]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ C. A. Bayly & T. Harper Forgotten Armies. The Fall of British Asia 1941–5 (London) 2004 p. 325
- ↑ Dasgupta Red Sun over Black Water pp. 67, 87, 91–95; Mathur Kala Pani pp. 249–251
- ↑ „Azad Hind Government“. INSIGHTSIAS (англиски). 2020-10-22. Посетено на 2022-02-23.
- ↑ Barman, Briti Roy (January 23, 2020). Explained: The Role of Azad Hind Fauj in India's freedom. OneIndia.
- ↑ Rudolph, Lloyd I.; Hoeber Rudolph, Susanne (2008). Explaining Indian Democracy: The realm of institutions : state formation and institutional change. Oxford University Press; Original from: University of California Press. стр. 58. ISBN 978-0-19-569365-2.
- ↑ Ghose, Sankar (1975). Political ideas and movements in India. Allied Publishers; Original from: University of Michigan Press. стр. 136.
- ↑ 7,0 7,1 7,2 Toye, Hugh (1959). The Springing Tiger: A Study of the Indian National Army and of Netaji Subhas Chandra Bose. Allied Publishers. стр. 187. ISBN 978-8184243925.
- ↑ Singh, Harkirat (2003) The INA trial and the Raj.
- ↑ 9,0 9,1 Sarkar, S. (1983), Modern India: 1885–1947, Delhi: Macmillan India, стр. 412, ISBN 978-0-333-90425-1
- ↑ Bandyopādhyāẏa, Śekhara (2004) From Plassey to partition.
- ↑ 11,0 11,1 Pandit, HN. (1988) Netaji Subhas Chandra Bose, Sterling Publishers, New Delhi. p. 331
- ↑ Cao, Yin (2017). From policemen to revolutionaries : a Sikh diaspora in global Shanghai, 1885–1945. Leiden: Brill. стр. 144–145. ISBN 9789004344082. OCLC 982651998.
- ↑ „{ Indian National Army : Provisional Government of Azad Hind }“. www.nas.gov.sg. Посетено на 2022-01-23.
- ↑ „Azad Hind Formation Anniversary: Interesting Facts about Azad Hind Fauj and Subhas Chandra Bose-India News, Firstpost“. Firstpost (англиски). 2021-10-21. Посетено на 2022-01-23.
- ↑ „Indian National Army“. aicc.org.in. Архивирано од изворникот на 23 April 2009.
- ↑ „Azad Hind Formation Anniversary“. Drishti IAS (англиски). Посетено на 2022-01-23.
- ↑ „Indian National Army : Provisional Government of Azad Hind“. National Archives of Singapore. Архивирано од изворникот на 2022-12-31. Посетено на 25 May 2020.
- ↑ „Can we declare Bose as India's first head of the state of a provisional government?“. The Times of India. Bennett, Coleman & Co. Ltd. he Times Group. 20 October 2018. Посетено на 25 May 2020.
- ↑ „Explained: Why Azad Hind Diwas Is Celebrated On October 21“. IndiaTimes (англиски). 2021-10-21. Посетено на 2022-01-23.
- ↑ Das S. "Indian National Army in South East Asia".
- ↑ „Azad Hind Formation Anniversary: Facts about Azad Hind Fauj and Subhas Chandra Bose“. www.timesnownews.com (англиски). Посетено на 2022-01-23.
- ↑ „नेताजी की जयंती: यूं अस्तित्व में आई आजाद हिंद फौज, पंजाब के जनरल मोहन सिंह ने की थी स्थापना“. Amar Ujala (хинди). Посетено на 2022-01-23.
Надворешни врски
уреди- „The Last Straw That Broke the Back of the British Empire“. Архивирано од изворникот на 5 June 2003.
- Netaji Subhas Bose
- Lecture notes on Bose