Аеродром Либек
Аеродром Либек (германски: Flughafen Lübeck; (IATA: LBC, ICAO: EDHL), означуван од некои авиопревозници како Аеродром Хамбург Либек) — помал меѓународен аеродром во Германија, кој се наоѓа 8 километри јужно од центарот на Либек, вториот најголем град во сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн и 54 километри североисточно од Хамбург.
Аеродром Либек Flughafen Lübeck | |||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Општо | |||||||||||
Тип | јавен | ||||||||||
Оператор | Flughafen Lübeck GmbH | ||||||||||
Опслужуван град | Либек, Германија | ||||||||||
Надморска височина | 53 ft / 16 m | ||||||||||
Координати | 53°48′19″N 010°43′09″E / 53.80528° СГШ; 10.71917° ИГД | ||||||||||
Мрежно место | Flughafen-Luebeck.de | ||||||||||
Карта | |||||||||||
Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 411: Malformed coordinates value | |||||||||||
Писти | |||||||||||
| |||||||||||
Статистика (2013) | |||||||||||
| |||||||||||
Аеродромот ја опслужува и метрополитенската област Хамбург и е втор најголем аеродром по аеродромот Хамбург во таа област[3] и е користен од страна на нискобуџетни и чартер-компании.
Главен Акционер е Градот Либек. Инфратил, инфраструктурна инвестициска компанија од Нов Зеланд држела 90% од акциите од ноември 2005 до крајот на октомври 2009, кога повторно ги продала акциите назад на градот Либек.[4]
Историја
уредиРани години
уредиИзградбата на аеродромот започнала во 1916 година и била завршена во 1917 година. Започнал со работа веднаш по неговото завршување, најпрвин како воздухопловна база. На крајот на Првата светска војна, воздухопловната база била затворена. Во 1933 година бил повторно отворен и проширен од страна на Луфтвафе.
Во текот на Берлинската блокада, кралските воздушни сили носеле јаглен за Берлин и бегалци до Западна Германија, користејќи го авионот ДЦ-3 Дакота.
Развој
уредиПо повторното обединување на Германија, аеродромот започнал силно да се развива, кога неколку авиопревозници започнале да летаат до Либек. Во 1997 година аеродромскиот терминал бил обновен и проширен.
Ryanair започнал да лета од аеродромот во 2000 година со првите летови до Лондон-Станстед. Летовите кои ги нудел Ryanair се зголемиле низ годините. Wizz Air започнал со операции во 2006 година со летови до Гдањск и подоцна до други источноевропски одредишта. Дискусиите околу отворањето на основа на Ryanair на аеродромот траеле од 2009 година, но без никакви резултати.
Инфратил, инфраструктурна инвестициска компанија од Нов Зеланд купил 90% од аеродромот во ноември 2005 година, но ги продал неговите акции назад на градот Либек на крајот на октомври 2009 година. Оттогаш, новиот главен оператор Flughafen Lübeck GmbH бара инвеститор, кога во 2013 година аеродромот бил продаден на приватен инвеститор.[5]
Во 2010, финансиската криза и ерупцијата на исландскиот вулкан Ејафјадлајекидл довеле до општо опаѓање во бројот на патници и одредишта.
Нов систем за слетување ILS CAT II бил поставен во февруари 2014 година, кој им дозволувал на авионите да слетуваат на аеродромот во потешки временски услови.[6] ДО март 2014 година биле поднесени четири тужби против понатамошното ширење на аеродромот.[5]
На 23 април 2014 година, аеродромот банкротирал.[7] Неколку дена порано било објавено дека сопственикот, кој го купил аеродромот во 2013 година, повторно се повлекол.[8] Аеродромот продолжил да работи додека стечајниот управник разгледувал можни решенија.[9] Во јули 2014 година, банкротираниот аеродром бил продаден на кинескиот инвеститор PuRen Group.[10]
Во јуни 2014 година, Ryanair објавил дека го напушти аеродромот Либек до октомври 2014 година, поради непознатата иднина на аеродромот.[11] Подоцна, овој датум бил преместен во јули 2014 година. Во меѓувреме, Ryanair објавил дека ќе започне нови летови од аеродромот Хамбург.[12]
Објекти
уредиАеродромот Либек поседува една мала терминална зграда, во која се извршуваат административните работи, пријавувањето, пасошката и царинската контрола, продавници, како и некои ресторани.[13] Аеродромот вклучува три места места за средни воздухоплови од типот на Ербас А320.
Авиопревозници и одредишта
уредиАвиопревозници | Дестинации |
---|---|
Wizz Air | Гдањск,[14] Рига (почнува на 22 април 2015 г.)[15], Скопје (започнува на 1 јули 2015 г.) |
Wizz Air Ukraine | Киев-Жулјани[14] |
Постојат некои дополнителни празнични чартери на одредени рути, кои се опслужувани само неколкупати во сезоната.[14] Најблизок поголем меѓународен аеродром е аеродромот Хамбург на околу 60 километри југозападно.
Статистика
уредиБрој на патници | ||||
---|---|---|---|---|
2000 | 184.622 | |||
2001 | ▲ 231.094 | |||
2002 | ▲ 270.188 | |||
2003 | ▲ 539.580 | |||
2004 | ▲ 598.777 | |||
2005 | ▲ 715.731 | |||
2006 | ▼ 677.638 | |||
2007 | ▼ 612.858 | |||
2008 | ▼ 534.509 | |||
2009 | ▲ 688.302 | |||
2010 | ▼ 537.835 | |||
2011 | ▼ 344.068 | |||
2012 | ▲ 359.974 | |||
2013 | ▲ 367.252 | |||
Извор: ADV,[16] Lübeck Airport[17] |
Сообраќајна поврзаност
уредиПатна
уредиДо аеродромот Либек може да се стигне преку автопатите А1, кој води кон Хамбург и А20, кој води кон исток низ сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија.
Автобуска
уредиЛокалната автобуска линија бр. 6 сообраќа на секои 20 минути и го поврзува аеродромот со главната меѓуградска автобуска станица во Либек. Регионалниот автобус, линија А20, води од аеродромот до главната железничка станица во Хамбург, застанувајќи на главната меѓуградска автобуска станица во близина. Возниот ред на А20 зависи од пристигнувањата и слетувањата во и од Либек.[18]
Железничка
уредиРегионалните возови сообраќаат на секој час помеѓу Кил и Линебург, застанувајќи на посебната железничка станица на аеродромот (Lübeck-Flughafen) како и на главната железничка станица во Либек. Возови кон други одредишта се достапни на железничката станица во Либек или во Бихен до Хамбург и други одредишта.
Продолжување
уредиПлановите за продолжување на аеродромот се развиваат од 2005, вклучувајќи го следново:
- продолжување на пистата до 2.257 м,
- продолжување на областите на север и југ од пистата и места за царинења за 9 воздухоплови од класата Ц (Боинг 737, Ербас А320) и едно место за воздухоплов од класата Д (Боинг 767, Ербас 300),
- дизајн на патничката терминална зграда на север (околу 40.000 м²) и помошни аеродромски објекти, како и области за сообраќајната инфраструктура,
- изградба на навигациски светла и преместување на централната линија и зоната за осветлување на проширената писта, пристапите кон пистата и придружните области
- навигациски објекти за сите временски услови,
- продолжување на просторот за паркирање за да се добијат вкупно 5.500 места за паркирање,
- зона за објекти за аеродромската цивилна безбедност, одржување на воздухопловите.
По реагирањата од локалните друштва за заштита на околината, плановите биле изменети во 2008 година и се чека на официјално одобрување.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ EAD Basic
- ↑ „Arbeitsgemeinschaft Deutscher Verkehrsflughäfen (ADV) - monthly statistics 12/2010“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-07-06. Посетено на 2012-04-15.
- ↑ „Аеродром водич Хамбург Либек - Хамбург“. Архивирано од изворникот на 2008-09-15. Посетено на 2012-04-15.
- ↑ „Продажба на аеродромот Либек“. Архивирано од изворникот на 2009-06-25. Посетено на 2012-04-15.
- ↑ 5,0 5,1 Klage gegen Flughafenausbau in Lübeck beschäftigt bald Gericht. airliners.de. 23 мај 2014.
- ↑ ILS CAT II am Flughafen Lübeck erfolgreich in Betrieb gegangen. airliners.de. 23 мај 2014.
- ↑ (германски) Blankensee ist pleite: Nach Führungs-Chaos: Flughafen Lübeck insolvent. Focus.de (23 април 2014).
- ↑ (германски) Bruchlandung für Lübeck. shz.de. 23 мај 2014.
- ↑ Luftfahrt-Nachrichten und -Community. aero.de (25 април 2014).
- ↑ http://www.aero.de/news-19952/Neuer-Chef-des-Luebecker-Flughafens-peilt-eine-Million-Passagiere-an.html
- ↑ http://www.hl-live.de/aktuell/textstart.php?id=92088
- ↑ http://www.airliners.de/ryanair-wechselt-von-luebeck-nach-hamburg/33056
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2013-10-07. Посетено на 2014-08-15.
- ↑ 14,0 14,1 14,2 „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2015-03-18. Посетено на 2014-08-15.
- ↑ https://wizzair.com/nl-NL/TimeTable/Hamburg-Lubeck/Riga
- ↑ [1]
- ↑ „архивски примерок“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-09-24. Посетено на 2014-08-15.
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2011-07-07. Посетено на 2012-04-15.
Надворешни врски
уреди- Аеродром Либек на Ризницата ?
- Официјална страница
- Моментална состојба на времето за EDHL на NWS
- Историја на несреќи за LBC на Aviation Safety Network