Адријанос
поранешно село во Катеринско, Егејска Македонија
Адријанос (грчки: Αδριανός) — поранешно село во Катеринско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Катерина на округот Пиерија, Грција.
Адријанос Μεριάνα | |
---|---|
Координати: 40°15.3′N 22°24.51′E / 40.2550° СГШ; 22.40850° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Пиерија |
Општина | Катерина |
Општ. единица | Локово |
Надм. вис. | 178 м |
Население | |
• Вкупно | иселено |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија
уредиСелото се наоѓало источно од градот Катерина и јужно од Неокесарија. Лежело на десниот брег на реката Кара Су (Мавронери),[1] во денешниот атар на Зјазјако.[2]
Историја
уредиНа пописот од 1913 г. селото се води како напуштена населба, додека во 1920 г. во него се попишани 6 лица.[2] Во 1928 г. Адријанос имало 14 жители и повеќе не се спомнува во подоцнежната евиденција.[2]
Наводи
уреди- ↑ По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). I дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 268. ISBN 9989-9819-5-7.