Адем баба-теќе
Адем баба-теќе ― поранешно теќе во Скопје. Градбата е заведена како културно наследство на Македонија.[1]
Адем баба-теќе | |
---|---|
Културно добро на Македонија | |
Адреса | бул. „Гоце Делчев“ бр. 9 |
Месност | Џами Атик (поранешно маало) Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ (денес) |
Општина | Центар |
Број | [1] |
Запис на НИСКН |
Адем баба-теќе | |
---|---|
Општи податоци | |
Град | Скопје |
Земја | Македонија |
Завршена | 17 век |
Урната | 1971 |
Нарачател | Адем-баба |
Историја
уредиСе претпоставува дека теќето настанало во XVII век. Се наоѓало во поранешното маало Џами Атик. Припаѓало на дервишкиот ред Халвети (Шабание) Карабаши. Основачот на ова теќе, Адем-баба е роден во Багдад. Кога дошол во Скопје, живеел седум години во близина на Камениот Мост. Подоцна го купил тоа место и го изградил теќето. Бил учен човек, држел вазови во Иса-беговата џамија. Имал хипнотизирачка моќ. Подоцна купил уште еден плац и изградил два дуќана и фурна наменета за теќето. Од оваа фурна Адем-баба ги хранел сиромасите. Фурнаџијата Санџактар Мехмед-ефендија бил и дервиш во теќето. Пред еден Курбан бајрам, Санџактар Мехмед побарал Адем-баба да купи курбан и да го заколе за Бајрам. Тогаш Адем-баба погледнал кон планината и рекол дека курбанот ќе му дојде. До вечер курбанот не дошол, но утредента откако го завршиле „Бајрам намаз“ дошол елен во теќето, шејхот Адем-баба го фатил за роговите со еден синџир, го внел во теќето и го жртвувал како курбан. Тоа се толкувало како посебна милост од Бога кон Адем-баба. Синџирот и еленските рогови се чувале во теќето.[2]
Во време на последниот шејх Мехмед Ферид, теќето од карабашиско станало џерахиско, од истиот халветски ред. Главното седиште на овој ред бил во Константинопол. Уште Адем-баба во дворот на теќето подигнал чешма што ја ѕидал мајстор од Дебар. На влезната врата се наоѓал синџир според што и теќето го добило името „зинџирли“. Теќето било урнато 1971 година, при расчистување на просторот за изградба на Универзитетот.[2]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Национален регистар на објекти кои се заштитно културно наследство“. Министерство за култура. 2012. Архивирано од изворникот 2021-08-09. Посетено на 20 септември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 „Адем-баба (зинџирли) теќе“. ceipa.pmf.ukim.mk. Архивирано од изворникот 2022-02-15. Посетено на 20 септември 2022.
Надворешни врски
уреди- Управа за заштита на културното наследство
- Управа за заштита на културното наследство (архивирана страница)