Адем Гајтани
Адем Гајтани (албански: Adem Gajtani; 21 јули 1939 - 19 март 1982) — истакнат поет и преведувач од албанска националност во Македонија.
Животопис
уредиРоден е во с. Подуево, Косово на 21 јули 1939 година. Завршил Правен факултет во Скопје. Работел како уредник во весникот „Флака е влазеримит“. Член на Друштвото на писателите на Македонија од 1973 година. Добитник е на наградата „Браќа Миладиновци“.[1]
Починал во Скопје во 1982 г.
Дела
уреди- „Светлина во срцето“ (1961)
- „Морска школка“ (1966)
- „Ниту птица, ниту дрво“ (1973)
- „Ти песно, ти далечна песно“ (1973)
- „В сон песна“ (1975)
- „Од цвет до цвет“ (1975)
- „Едно трето време“ (1977)
- „Морска ѕвезда“ (1979)
- „Песни“ (1980)
- „Лебедовата песна“ (1982)[2]
Оваа статија за личност од Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |