Аделаида Андерсон
Дама Аделаида Мери Андерсон, ДБЕ (8 април 1863 – 28 август 1936 година) била британски државна службеничка и активистка за труд, особено заинтересирана за детскиот труд и условите во Кина. Таа служела како главен дама инспектор на фабриките на НВ од 1897 до 1921 година.
Ран живот и образование
уредиАндерсон е родена во Мелбурн, Австралија во шкотско семејство, но израснала во Лондон. Нејзината мајка била Бланш Емили Андерсон (моминско име Кембел), вујко и бил Френсис Иствуд Кембел, а нејзиниот дедо бил Џејмс Кембел; двајцата биле јавни службеници во Нов Зеланд.[1] Нејзиниот татко бил Александар Гевин Андерсон (починал во 1892 година).[2] Нејзините родители се венчале во црквата Свети Мајкл во Крајстчерч, Нов Зеланд во 1861 година.[3] Таа се школувала на колеџот Квин на Харли Стрит и на колеџот Гиртон, Кембриџ, каде студирала Морални Науки Трипос и дипломирала во 1887 година.
Кариера
уредиТаа била предавачка за еснафот (кооперативата) на жените и нудела приватна школарина кога, во 1892 година, се приклучила на персоналот на Кралската комисија за труд како службеничка. Ова подоцна довело до нејзиното назначување во 1894 година како една од првите жени фабрички инспектори во Домашната канцеларија (Министерството за внатрешни работи на Обединетото Кралство). Таа била назначена за главна дама инспектор на фабриките на Неговото Височество во 1897 година и се занимавала со прашања за здравјето и безбедноста, работното време и условите. По нејзиното пензионирање, таа била назначена за дама командант на Редот на Британската империја (DBE), откако била назначена за командант на Редот на Британската империја (CBE) во 1918 година.
Кина
уредиПо нејзиното пензионирање од Министерството за внатрешни работи, таа трипати ја посетила Кина. Во 1923–1924 година станала член на Комисијата за детски труд под покровителство на Општинскиот совет на Меѓународната населба Шангај. Во 1926 година таа била член на Советодавниот комитет за кинеско обештетување на Министерството за надворешни работи.
Во 1931 година, таа служела на мисија за Меѓународната канцеларија на трудот на Обединетите нации, во Нанкинг, во врска со фабричкиот инспекторат за Кина. Таа, исто така, била член на Комитетот на Кинески Универзитети во Лондон од 1932 до 1936 година.
Други патувања
уредиВо 1930 година, таа го посетила Египет за да се распраша за условите на детскиот труд во државата. Покрај тоа, таа отпатувала во Јужна Африка, Австралија и Нов Зеланд. Андерсон пишувала и држела голем број предавања до нејзината смрт во 1936 година, на 73-годишна возраст.
Публикации
уреди- Жените во фабриката: Административна авантура, 1893 – 1921 (1922)
- Хуманоста и трудот во Кина: Индустриска посета и нејзиното продолжение, 1923 – 1926 (1928)
Архиви
уредиТрудовите на Андерсон се чувано во Женската библиотека во библиотеката на Универзитетот Лондонска школа за економија, ref 7AMA[мртва врска]
Наводи
уреди- ↑ Scholefield, Guy, уред. (1940). A Dictionary of New Zealand Biography : A–L (PDF). I. Wellington: Department of Internal Affairs. стр. 134f. Архивирано од изворникот (PDF) на 2012-03-09. Посетено на 27 June 2016.
- ↑ „Deaths“. Otago Witness (2025). 15 December 1892. стр. 25. Посетено на 27 June 2016.
- ↑ „Married“. Otago Witness (492). 4 May 1861. стр. 4. Посетено на 27 June 2016.
Извори
уреди- Биографија, Оксфордски речник за национална биографија
Надворешни врски
уредиВикиизвор има оригинални дела од или за: Аделаида Андерсон |
- Биодатоците се Архивирано на 5 февруари 2012 г. Archived