Австриски референдум (1938)
Референдум во Австрија од 1938 или Рефереднум за припојување кон Германија — референдум се одржал во Австрија, која била окупирана од Германија на 10 април 1938 година[1], заедно со оној во Германија[2]. Германските војници веќе ја имале окупирано Австрија еден месец претходно, на 12 март 1938 година. Официјалниот резултат бил пријавен како 99,73% „За“[3] со излезност од 99,71%[4].
| ||||||||||||||||||||||
@Дали се согласувате со повторното обединување на Австрија со Германскиот Рајх и дали гласате за списокот на нашиот водач Адолф Хитлер?“ | ||||||||||||||||||||||
Местоположба | Австрија | |||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Исход | ||||||||||||||||||||||
|
Заднина
уредиПо завршувањето на Првата светска војна, новооснованата Австрија тврдела дека треба да го има суверенитетот над мнозинската германска територија од поранешното Хабсбуршко Царство. Според нејзиниот привремен устав, таа се поистоветувала за дел од новооснованата Вајмарска Република. Подоцнежните плебисцити во Тирол и Салцбург во 1921 година, каде мнозинството од 98,77%[5] и 99,11% [6] гласале за обединување со Германија, покажале дека истото било поддржано и од населението.
Во септември 1919 година Австрија морала да го потпише Договорот од Сен Жермен, кој не само што значел значителни загуби на територијата, туку била принудена да го смени и името од Германска Австрија во Австрија. Понатаму, членот 88 од спогодбата вели дека „независноста на Австрија е неотуѓлива на друг начин, освен со согласност на Советот на Лигата на народите“, за да се спречи секој обид за обединување со Германија.
Кампања
уредиЗа време на водењето на референдумот, кампањата на Адолф Хитлер вклучувала антикатолички и антисемитски постери. Менаџерите на кампањата објавиле дека не се противат на референдумот. Референдумот бил поддржан од Социјалдемократската партија на Австрија, чиј водач Карл Ренер го поддржал Хитлер на 3 април, и кардиналот Теодор Иницер, највисок претставник на Римокатоличката црква во Австрија[7].
Резултати
уредиИзбор | Глас | % |
---|---|---|
За | 4,453,912 | 99.73 |
Против | 11,929 | 0.27 |
Неважечки гласови | 5,777 | – |
Вкупно | 4,471,618 | 100 |
Регистрирани гласови | 4,484,617 | 99.71 |
Извор: Direct Democracy |
Иако имало неправилности, списанието LIFE во 1938 година признало дека резултатите од референдумот биле во голема мера искрени[8]. Некои повоени извештаи тврдат дека анкетата била лажирана, но за тоа нема докази[9]. Резултатот Масивниот притисок врз кој биле изложени луѓето дошле од фактот што многумина го обележале гласачкото ливче пред работниците во кампањата, за да не се сомневаат дека гласале против Аншлус[10]. Тајноста на гласачкото ливче во практика не постоела[11].
Наводи
уреди- ↑ Dieter Nohlen & Philip Stöver (2010) Elections in Europe: A data handbook, p176 ISBN 978-3-8329-5609-7
- ↑ Nohlen & Stöver, p762
- ↑ Austria, 10 April 1938: Anschluss with Germany, Reichstag list Direct Democracy (германски)
- ↑ The propagandistic preparation for the referendum Архивирано на 4 април 2007 г. Documentation Centre of Austrian Resistance (германски)
- ↑ 24. April 1921: Anschluss with Germany Direct Democracy (германски)
- ↑ 29. Mai 1921: Anschluss with Germany Direct Democracy (германски)
- ↑ Bukey, Evan Burr (2000). Hitler's Austria : popular sentiment in the Nazi era, 1938-1945. Chapel Hill, N.C.: University of North Carolina Press. стр. 36. ISBN 0807853631.
- ↑ „Germans from England - "Ja" on a Special Trip Out to Sea“. Life. 1938-05-02. стр. 21. Посетено на November 28, 2011.
- ↑ Bukey 2000, p. 34
- ↑ Wilhelm J. Wagner: Der große Bildatlas zur Geschichte Österreichs. Kremayr & Scheriau, 1995, (chapter „Heim ins Reich“).
- ↑ Sandra Paweronschitz. 2006. Zwischen Anspruch und Anpassung. Journalisten und der Presseclub Concordia im Dritten Reich. Wien. p.21