Џиван Гаспаријан
Џиван Гаспаријан (ерменски: Ջիվան Գասպարյան; роден на 12 октомври 1928 година[1]) е ерменски музичар и композитор. Тој свири на дудук. Гаспаријан е познат како „Господар на дудукот“.[2][3][4]
Џиван Гаспаријан | |
---|---|
Џиван Гаспаријан во 2009 г. | |
Животописни податоци | |
Роден(а) | 12 октомври 1928 Солак, Ерменија |
Жанрови | Ерменска народна музика |
Занимања | композитор, музичар |
Инструменти | дудук |
Период на активност | 1948–денес |
Соработници | Дерек Шеринијан, Ханс Цимер, Питер Габриел, Роман Мирошниченко, Хусеин Ализаде |
Животопис
уредиРоден во Солак, Ерменија на родители од Муш, Гаспаријан започнал да свири дудук кога имал шест години. Во 1948 година, тој станал солист на Популарниот ансамбл на ерменска песна и танц и на Ереванската филхармонија.[5]
Тој има освоено четири медали на светските натпревари на УНЕСКО (1959, 1962, 1973 и 1980 година). Во 1973 година Гаспаријан ја добил почесната титула Народен уметник на Ерменија.[6] Во 2002 година, тој ја добил наградата за животно дело WOMEX (World Music Expo).
Професор на Државниот музички конзерваториум во Ереван,[5] тој има подучувано многумина изведувачи на професионална изведба на дудук.
Во 1998 година издал албум со уникатен дудук квартет што самиот го формирал. Тој го обиколи светот неколкупати со мал ансамбл свирејќи ерменска народна музика. Неговата музика е избрана за повеќе меѓународни филмови.
Соработувал со многу уметници, како Стинг, Питер Габриел, Хусеин Ализаде, Еркан Огур, Мајкл Брук, Брајан Меј, Лајонел Ричи, Дерек Шеринијан, Лудовико Еинауди, Лујџи Кинк, Борис Гребеншиков, Брајан Ино, Дејвид Силвијан, Ханс Цимер и Андреас Воленвејдер.
Тој исто така се снимал со квартетот Кронос и Филхармонијата во Лос Анџелес.[7]
Гаспаријан свирел на Евровизискиот натпревар во Осло во 2010 година и станал најстарата личност што некогаш се појавила во изведба на песна за Евровизија,[8] иако не бил официјално наведен како гостин уметник.
Музика за филм:
- Врана, саундтрак (1994)
- Опсадата, саундтрак (1998)
- Ронин, саундтрак (1998)
- Гладијатор, саундтракот 2000 година
- Сиријана, саундтрак (2005)
- Крвав дијамант, саундтрак (2006)
- Самсара, саундтрак (2011) (како Дијан Гаспаријан)
Наводи
уреди- ↑ allmusic gives birth year as 1928.
- ↑ On the Track: A Guide to Contemporary Film Scoring - Page 87 by Fred Karlin, Rayburn Wright
- ↑ World Music: The Rough Guide - Page 334 by Simon Broughton, Mark Ellingham, Richard Trillo
- ↑ „Djivan Gasparyan at MSN music“. Архивирано од изворникот на 2007-11-28. Посетено на 2019-09-12.
- ↑ 5,0 5,1 „An Evening with Djivan Gasparyan and Michael Brook | Asbarez.com“. asbarez.com (англиски). Посетено на 2017-09-08.
- ↑ Biography — AllMusic (англиски)
- ↑ Nercessian, Andy (2001-08-28). The Duduk and National Identity in Armenia (англиски). Scarecrow Press. ISBN 9781461672722.
- ↑ Armenian apricot stone becomes a tree at eurovision.tv