Џесика Алба
Џесика Алба (англиски: Jessica Alba) (родена на 28 април 1981[2]) — американска глумица и бизнисменка[3][4][5].
Џесика Алба | |
---|---|
Роден(а) | Џесика Мери Алба |
Други имиња | Џесика Варен [1] |
Сопружник | Кеш Варен |
Мреж. место | http://jessicaalba.net/ |
Животопис
уредиДетство и семејството
уредиЏесика е родена во Помона, Калифорнија во фамилијата на Кетрин и Марк Алба. Нејзините родители стапиле во брак во тинејџерските години. Следејќи дека нејзината фамилија неколкупати се преселувала, уште во детството била навикната на промени. Веќе на петтата година сакала да стане глумица, а со неполни 12 почнала да зема и часови за глума.
Филмска и телевизиска кариера
уредиНаскоро пронашла агент и во 1994 год. добила улога во филмот “Camp Nowhere”. Иако требала да глуми спореден лик, кога девојката за главна улога се откажала, Џесика набргу ја заменила. Џесика се појавила и на две национални телевизии на реклами за Нинтендо како дете; подоцна настапува и во неколку независни филмови. Во 1994 година добива во Никелодеоновата детска серија Тајниот свет на Алекс Мак (The Secret World of Alex Mack). После тие улоги, таа настапува и во првите две сезони во ТВ Серијата Флипер. Во 1998 год се појавува како Мелиса Хауер во првата сезона на криминалистичката серија Јужниот Бруклин, а потоа следеле улогите во Беверли Хилс 90210 и “The Live Boat: The Next Wave”. После што матурира, Алба зема часови за глума кај глумецот Вилијам Х. Меси и неговата жена, исто така глумица Фелисити Хафман. Првата голема филмска улога ја добива во тинејџерската комедија Никогаш не сум се бакнала, и подоцна ја добива улогата во хоророт “Idle Hands”. Но, засигурно е најславна по улогата на Макс Гевара во серијата Темниот ангел. Серијата се емитувала во две сезони. Џесика исто така е позната по улогите во филмовите Фантастична четворка, Гневен град и Предигра за брак.
Љубовен живот
уредиНа снимањето на серијата Темниот ангел, Алба започнала четири годишна романса со колегата од серијата, Мајкл Витлерли. Ја запросил на нејзиниот 20-ти роденден. Тие се разделија после 4 години. Џесика моментално свршена за Кеш Варен (син на глумецот Мајкл Варен), кој го запознал на снимањето на Фантастична четворка во 2004 година. Џесика го чека првото дете со Кеш, кое би требало да се роди летото во 2008.
Links
уреди- Jessica Alba Fansite: Wallpapers & pictures Архивирано на 3 септември 2011 г.
- ↑ „Honest Company, Inc. annual report 2021“. Архивирано од изворникот June 11, 2022. Посетено на June 12, 2022.
- ↑ „UPI Almanac for Wednesday, April 28, 2021“. United Press International. April 28, 2021. Архивирано од изворникот May 25, 2021. Посетено на May 24, 2021.
... actor Jessica Alba in 1981 (age 40)...
- ↑ O'Connor, Clare. „How Jessica Alba Built A $1 Billion Company, And $200 Million Fortune, Selling Parents Peace Of Mind“. Forbes. Архивирано од изворникот June 13, 2015. Посетено на June 15, 2015.
- ↑ Roiz, Jessica Lucia (May 22, 2015). „Jessica Alba Opens Up On Being A Successful Businesswoman“. Latin Times. Архивирано од изворникот December 18, 2022. Посетено на June 15, 2015.
- ↑ Leahey, Colleen (September 27, 2012). „10 Most Powerful Women Entrepreneurs“. Fortune. Архивирано од изворникот December 18, 2022. Посетено на June 15, 2015.