Џамија на Хаџи Дургут
џамија во Охрид
Џамија на Хаџи Дургут (Џамија на Хаџи Тургут) или Крст-џамија — стара османлиска џамија во градот Охрид. Му припаѓа на Охридското муфтиство на ИВЗ и прогласена е за културно наследство на Македонија.[1][2]
Џамија на Хаџи Дургут | |
---|---|
Поглед на џамијата | |
Основни податоци | |
Место | Охрид, Македонија |
Координати | 41°7′0.4″N 20°47′54.0″E / 41.116778° СГШ; 20.798333° ИГД |
Припадност | сунитски ислам |
Архитектонски опис | |
Архитектонски тип | џамија |
Архитектонски стил | османлиски |
Завршен | 1466 |
Особености | |
Минариња | 1 |
Висина на минарето | 20 м |
Прогласен за | културно наследство на Македонија |
Џамијата е изградена во 1466 година. Сместена е меѓу улицата „7-ми Ноември“ северозападно од неа и улицата „Марко Нестороски“ на југ. Има квадратна основа, врз која се издига осумаголна купола. Минарето е високо околу 20 м. Основата е изработена од бигор и варов малтер, а куполата е од бигор и тули, повторно со варов малтер. Минарето исто така е од бигор, па покриено со варов малтер. Покривот бил со турски ќерамиди. Во внатрешноста има дрвена ламперија по ѕидовите и дрвен таван. Автентичниот изглед на храмот е речиси целосно зачуван.[1]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Џамијата Хаџи Дургут“. Управа за заштита на културното наследство. Архивирано од изворникот на 2017-08-16. Посетено на 15 август 2017.
- ↑ Yılmaz, Edip, Erdal Elmas (2018). „OHRİ'DEKİ (MAKEDONYA) OSMANLI DÖNEMİ CAMİLERİ“. Anasay (4): 51–52. ISSN 2001 2587- 2001. Занемарен непознатиот параметар
|month=
(help)
Надворешни врски
уреди- Џамија на Хаџи Дургут на Ризницата ?