Џамија Чинили (турски: Çinili Camii) или џамија Махпејке́р Косем Валиде́ Султа́н турски: Mahpeyker Kösem Valide Sultan Camiiџамија која се наоѓа во Истанбул, Турција.

Џамија Чинили
турски: Çinili Camii
Основни податоци
МестоИстанбул, Турција
Припадностислам
ЕпархијаУсќудар
Осветен1638
Духовно-организациски статусактивна
Архитектонски опис
Архитект(и)Коџа Касим Ага
Архитектонски типџамија
Архитектонски стилосманлиска архитектура
Завршен1640
Особености
Куполи1
Минариња1
Материјаликамен

Местоположба

уреди

Џамијата се наоѓа на азиската страна на градот Истанбул, во населбата Усќудар.

Историја

уреди

Џамијата била изградена од страна на архитектот Коџа Касим Ага, еден од најблиските соработници на Мимар Синан. Муслиманскиот храм бил изграден во османлиски стил по наредба на Косем султан. Изградбата започнала во 1638 и траела две години. Внатрешноста е одликувана со раскошни плочки од Изник, од каде доаѓа и името на самата џамија (Çinili-плочки)[1]. Во дворот на џамијата се наоѓа затворена фонтана. Покрај тоа, комплексот вклучува медреса, киоск и амам.

Џамијата била реновирена во 1938 и 1965 година.

Надворешни врски

уреди
  1. „Мечеть Чинили на сайтеstambul4you.ru“. Архивирано од изворникот на 2014-10-19. Посетено на 2016-01-10.