Љубица Јанковиќ
Љубица Јанковиќ (Алексинац, 14 јуни 1894 — Белград, 3 мај 1974) била етномузиколог, соработник на Етнографскиот институт на САНУ и член на повеќе меѓународни установи за изучување на народната култура. Со сестра ѝ Даница ја издала книгата „Народни игри” во осум тома. Тие две се зачетници на српската етнокореологија. Целиот свој живот го посветиле на собирање и проучување на традиционалните игри, песни и обичаи. Нивната истражувачка и етнокореолошка работа опфаќа игри од Србија, Војводина, Црна Гора Косово Босна и Херцеговина, Македонија, Хрватска, Далмација и одредени подрачја на Словенија.