Љубе Рајовски
Љубе Јованов Рајовски ( 1917во Кучевиште, Скопско ― 1945 во Херцеговци, Босна и Херцеговина) — македонски партизан, револуционер, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Љубе Рајовски | ||
Роден | 1917 година Кучевиште, Скопје, Македонија | |
---|---|---|
Починал | април/мај, 1945 година Херцеговци, Босна и Херцеговина |
Животопис
уредиЗавршил основно училиште, а потоа стопанисувал како земјоделец и овчар. По формирањето на Шеснаесеттата македонска ударна бригада во неговото село, стапил во нејзините редови и учествувал во борбите против балистите на терените на Скопска Црна Гора. По ослободувањето на Македонија и успешните акции за ликвидирање на балистичките банди во Косово, заминал за Сремскиот фронт. Таму учествувал во пробивот на фронтот, заземањето на Товарник, ослободувањето на Винковци и други места. Во еден напад нагазил на мина кај Херцеговци и загинал. Љубе Рајовски бил закопан на борбената позиција.