Љубе (руски: Любэ) — рок-група од Русија, чија музика хармонично меша елементи на рокенрол, руска народна музика, воена музика и елементи на рап. Групата е основана на 14 јануари 1989 г. од композиторот Игор Матвиенко и има издадено 17 албуми. Групата ја сочинуваат 6 лица, водач е пејачот Николај Расторгуев, кој е народен изведувач на Русија.[1]

  • Љубе
  • Любэ
Животописни податоци
ПотеклоЉуберци, Русија, СССР
Жанровипоп-рок
фолк-рок
воена музика
руска шансона
Период на активност1989—
Мреж. местоМатична страница

Историја уреди

Идејата за создавање на групата „Љубе“ му припаѓа на продуцентот и композитор Игор Матвиенко, кој во тоа време работел во популарното музичко студио „Рекорд“. Во 1987–1988 г., тој ја напишал музиката за дебитантските песни врз основа на песните на поетот Александар Шаганов и Михаил Андреев. Истата година како постојан водач на групата се јавува Николај Расторгуев, кој дошол на идеја за името на групата, кое било поврзано со популарното младинско движење од тие години — Љуберци, чии идеи се одразувале во раните дела на групата.

На 14 јануари 1989 г., во студиото „Звук“ на Московскиот дворец на младоста, тие ги снимиле првите песни на „Љубе“ — „Љуберци“ и „Таткото Махно“. Ова е со учество на Игор Матвиенко, Николај Расторгуев, гитаристот на „Мираж“ Алексеј Горбашов, и уште еден гитарист, Виктор Застров. Во истата година, започнале првите заеднички турнеи и работа со „Божиќни средби“ и Ала Пугачева, во кои Расторгуев, по совет на Ала Борисовна, за време на изведбата на песната „Горе на десно“, носел воена јакна, што станала светла карактеристика на неговата сценска улога во првите десет години на групата. Во следните години, популарноста на групата растела. Според истражувачката компанија ROMIR, по истражувањето во јануари 2006 г., 27 % одговориле дека „Љубе“ е најдобрата поп-група.[2]

Дискографија уреди

Албуми уреди

  • 1989 — Атас
  • 1992 — Кто сказал, что мы плохо жили...?
  • 1993 — Зона Любэ
  • 1996 — Комбат
  • 1997 — Собрание сочинений (збирка)
  • 1997 — Песни о людях
  • 1998 — Песни из концертной программы „Песни о людях“ в ККЗ „Пушкинский 24.02.98 (концерт)
  • 2000 — Полустаночки
  • 2001 — Собрание сочинений. Том 2 (збирка)
  • 2002 — Давай за…
  • 2002 — Юбилей. Лучшие песни (концерт к 10-летию группы в спорткомплексе „Олимпийский“)
  • 2004 — Ребята нашего полка (збирка)
  • 2005 — Рассея
  • 2007 — В России (концерт к 15-летию группы в ГЦКЗ „Россия“)
  • 2008 — Собрание сочинений. Том 3 (збирка)
  • 2009 — Свои
  • 2014 — За тебя, Родина-мать!

Наводи уреди

  1. „По приколу пошли, не всерьез“. Meduza (руски). 18 March 2022.
  2. „Малоизвестные факты о группе "Любэ". Российская газета (руски). 2014-01-14. Посетено на 2023-10-04.

Надворешни врски уреди