Јулија Самојлова (руски: Юлия Олеговна Самойлова; родена на 7 април 1989) — руска пејачка и композиторка. Во 2017 ѝ бил забранет влез во Украина на три години бидејќи го прекршила украинскиот закон со тоа што нелегално влегла на Крим во 2015, област која била анектирана од Русија во 2014. Поради изречената забрана Русија го откажала настапот на Евровизија 2017, каде требало да ја претставува Самојлова.[1]

Јулија Самојлова
Јулија Самојлова во Архангелск, декември 2014.
Животописни податоци
Родено имеЈулија Олеговна Самојлова
Познат(а) и какоЈулија Самоилова
Роден(а)7 април 1989(1989-04-07)(35 г.)
Ухта, Коми, Руско СССР, Советски Сојуз
Жанрови
Занимања
  • пејачка
Инструменти
  • вокали
Период на активност2013–сѐ уште
Мреж. местоjsvok.ru

Ран живот

уреди

Јулија е родена на 7 април 1989 во Ухта, Коми, која тогаш била дел од СССР. Како дете почнала да губи контрола врз нозете поради ′рбетна мускулна атрофија и уште од детството почнала да користи количка за движење.[2] Таа вели дека болеста може да настанала од неефикасна вакцина против детска парализа, но лекарите ги негирале нејзините тврдења. Самојлова ја започнала музичката кариера како пејачка во ресторани од нејзиниот роден крај кои ги посетувале нафтените работници.[3] Во 2008 ја основала групата Теранова која изведувала алтернативна музика. Таа студирала психологија до 2010, која си заминала без да дипломира.

Музичка кариера

уреди

Во 2013 Самојлова завршила како второпласирана во третата сезона на музичко натпреварување Фактор А, руската верзија на Х Фактор.[2] Следната година настапила на церемонијата за отворање на зимските параолимписки игри во Сочи.[4]

На 12 март 2017 Самојлова била избрана да ја претставува Русија на Евровизија 2017 која се одржала во главниот украински град Киев со песната „Flame is Burning“.[2] На 13 март украинската служба за безбедност објавила дека на Самојлова може да ѝ биде забранет влез во Украина поради нејзината посета на Крим во 2015, територија која била припоена кон Русија.[5] Според украинскиот закон, влегување во Крим преку руска граница било недозволено.[5] Самојлова потврдила дека пеела во Крим во 2015.[3] На 22 март службите за безбедност од Украина ѝ издале тригодишна забрана за влез во Украина поради прекршување на законот во 2015.[6]

Рускиот радиодифузен сервис на 13 април објавил дека го откажува настапот во Киев, што значело дека Самојлова нема да учествува на Евровизија 2017.[7][8][9] Претходно било објавено дека ако Самојлова не настапи во 2017, таа повторно ќе добие шанса да ја претставува Русија во 2018.[10]

Наводи

уреди
  1. Ukraine bans Russia's entrant to Eurovision song contest The Telegraph (22 March 2017)
  2. 2,0 2,1 2,2 Adams, William Lee (12 March 2017). „Russia's Yulia Samoilova Becomes Second Singer In Wheelchair To Compete At Eurovision“. wiwibloggs.com. Wiwibloggs.
    Eurovision in Ukraine: Controversy over Russian entry, BBC News (13 March 2017)
  3. 3,0 3,1 Russia strikes provocative note for Eurovision in Ukraine, The Guardian (13 March 2017)
  4. Deakin, Samuel (12 March 2017). „Yulia Samoylova to Represent Russia at the Eurovision Song Contest 2017“. eurovoix.com. Eurovoix.
  5. 5,0 5,1 Ukraine investigates Russia's newly chosen Eurovision candidate, Deutsche Welle (13 March 2017)
  6. „Eurovision Samoilova: Ukraine bars Russian singer over Crimea visit“. BBC Online. Посетено на 22 March 2017.
  7. Granger, Anthony (13 April 2017). „Russia withdraws from the Eurovision Song Contest“. eurovoix.com. Eurovoix. Посетено на 13 April 2017.
  8. „The first channel will not broadcast ESC 2017“. www.1tv.ru (руски). Russia-1. 13 April 2017. Посетено на 13 April 2017.
  9. „EBU: "Russia no longer able to take part in Eurovision 2017". eurovision.tv. European Broadcasting Union. 13 April 2017. Посетено на 13 April 2017.
  10. Granger, Anthony. „Russia: Regardless Of Host Country, Yulia Will Compete At Eurovision 2018“. Eurovoix. Посетено на 13 April 2017.

Надворешни врски

уреди