Јудејскопровансалски јазик

Јудејско-провансалски или јудеопровансалски јазик, општо познат како шуадитски јазик, познат и како јудеокомтадински или хебрејско-комтадински јазик – изумрен еврејски јазик што го користеле француските Евреи во јужна Франција. Јазикот е познат од документи кои датираат од раниот единаесетти век во Франција, и откога претрпел драстични опаѓања на почетокот на инквизицијата во Франција, конечно изумрел со смртта на последниот познат говорник, Арман Линел, во 1977 година.

јудеопровансалски
шуадитски
שואדית
Застапен воФранција (Прованса)
Изумрен1977, со смртта на Арман Линел
Јазично семејство
Јазични кодови
ISO 639-3sdt

Историја

уреди

Историчарите не можат да ја разјаснат староста и точниот развој на јудеопровансалскиот јазик. Латинскиот, како јазик на трговијата и администрацијата на Римското Царство, се проширил во областа со освојувањето на Галија од Јулиј Цезар, кое завршило во 50 г.п.н.е. Нема податоци дали јудеопровансалскиот се развил со прифаќање и промена на латинскиот јазик од еврејската заедница, или е следбеник на постариот јудеолатински јазик.

Варијации

уреди

Јудеопровансалските записи се состојат од религиозни текстови и популарна проза. Како и со повеќето еврејски јазици, и двете форми биле пишувани исклучиво користејќи модификации на хебрејската азбука. Религиозните текстови содржат значително почести хебрејски зборови, и рефлектираат општо пообразуван стил, со многу зборови од старофранцускиот, франкопровансалскиот, грчкиот, хебрејскиот и латинскиот јазик. Текстовите содржат фрагмент од поема од четиринаесеттиот век за кралицата Естер, како и женски сидур. Овој сидур содржи благослови кои се најдени и на неколку други локации (вклучувајќи ја средновековна Литванија).

Зачуваните текстови кои се опфаќаат збирки на популарна проза содржат многу помалку провансалски заемки, главно се провансалски користејќи хебрејско писмо, веројатно укажувајќи на еврејското претпочитување за неупотреба на латиницата, широко сметана како синоним на насилните христијански режими. Овие текстови го покажуваат степенот до кој еврејската заедница во Прованса била блиска со хебрејскиот јазик, како и степено до кој таа заедница била интегрирана во пошироката околина на христијанската култура.

Фонологија

уреди

Јудеопровансалскиот има бројни фонолошки одлики кои го чината единствен меѓу еврејските јазици. Името „шуадитски“ буквално значи „еврејски“ и е јудеопровансалски изговор на хебрејскиот збор „јехудит“.

Извори

уреди

Основен извор на информации за фонологијата на шуадитскиот јазик е комедијата „Harcanot et Barcanot“.

Првиот познат текст на овој јазик е од рабинот Исак бен Аба Мари од Марсеј, напишан меѓу 1170 и 1193 година.[1].

Најран извор за јудејско-провансалскиот како издвоен говорен јазик е веројатно во комичната поема „ Lou Sermoun di Jusiou“ (Еврејска заклетва), најверојатно напишана во шеснаесеттиот век.

Постоење

уреди

Во 1498 година француските Евреи официјално беа избркани од Франција. Иако барањето за заминување не било финализирано пред 1501 година, голем дел од заедницата се расеал во други области, особено Џенова и понеразвиените области во Германија. Грофовијата Венесен била под директна контрола на папата и мала еврејска заедница продолжила да живее таму во релативна изолација. Од времето на Француската револуција кога на француските Евреи им било дозволено да живеат легални каде било во Франција како рамноправни граѓани, статусот на јудејско-провансалскиот јазик почнал брзо да опаѓа. Изумирањето на јазикот е забележано во 1977 година со смртта на последниот говорник, Арман Линел.

Наводи

уреди
  1. „Encyclopaedia Judaica“. Архивирано од изворникот на 2016-02-20. Посетено на 2016-02-21.

Литература

уреди
  • Banitt, M. 1963. Une langue fantôme: le judéo-français. Revue de linguistique romane 27: 245-294.
  • Blondheim, D. S. 1928. Notes étymologiques et lexicographiques. Mélanges de linguistique et de littérature offerts à M. Alfred Jeanroy par ses élèves et ses amis. Paris: Champion. 71-80.
  • Jochnowitz, G. 1978 Shuadit: La langue juive de Provence. Archives juives 14: 63-67.
  • Jochnowitz, G. 1981. ...Who Made Me a Woman. Commentary 71/4: 63-4.
  • Jochnowitz, G. 2013. The Hebrew Component in Judeo-Provençal. In Encyclopedia of Hebrew Language and Linguistics, ed. Geoffrey Khan et al., vol. 2, pp. xxxx. Leiden: Brill.
  • Pansier, P. 1925. Une comédie en argot hébraïco-provençal de la fin du XVIIIe siècle. Revue des études juives 81: 113-145.
  • Jewish Language Research website's page on Judæo-Provençal Архивирано на 17 август 2017 г.
  • omniglot.com
  • Pedro d'Alcantara (Dom Pedro II of Brazil). 1891. Poésies hébraïco-provençales du rituel comtadin. Avignon: Séguin Frères
  • Zosa Szajkowski, Dos loshn fun di yidn in di arbe kehiles fun Komta-Venesen (The Language of the Jews in the Four Communities of Comtat Venaissin), New York, published by the author and the Yiddish Scientific Institute—YIVO, 1948.