Јохан Георг Сулцер
Јохан Георг Сулцер (германски: Johann Georg Sulzer; 16 октомври 1720 година во Винтертур – 27 февруари 1779 година во Берлин) ― швајцарски професор по математика, кој подоцна се префрлил на полето на електрична енергија. Тој бил волфски филозоф и директор на филозофскиот оддел на Берлинската академија на науките и преведувач на делото „Истражување во врска со начелата на моралот“ одДејвид Хјум, на германски јазик во 1755 година.
Сулцер е најпознат како предмет на анегдота во историјата на развојот на батеријата. Во 1752 година, Сулцер случајно го ставил врвот на јазикот помеѓу парчиња од два различни метали чии рабови биле во допир. Тој извикал: „луто чувство, ме потсетува на вкусот на зелениот витриол кога го ставив јазикот меѓу овие метали“. Тој мислел дека металите поставуваат вибрационо движење во нивните честички што ги возбудува нервите на вкусот. Настанот станал познат како „батериски тест на јазик“: плунката служи како електролит што ја носи струјата помеѓу две метални електроди.
Неговата Општа теорија за ликовните уметности (General Theory of the Fine Arts) е наречена „веројатно највлијателниот естетски збир на завршните години на XVIII век“.[1] Во него, тој го „проширил пристапот на Баумгартен во уште попсихолошка теорија дека првостепен предмет на уживање во естетското искуство е состојбата на сопствената когнитивна состојба“.[2] Кант со почит не се согласувал со метафизичките надежи на Сулцер. Кант напишал: „Не можам да го споделам мислењето толку често изразено од одличните и внимателни луѓе (на пример Сулцер), кои, целосно свесни за слабоста на дотогаш изведените докази, се препуштаат на надежта дека иднината ќе ни обезбеди очигледни демонстрации на двете кардинални предлози на чистиот разум, имено, дека постои Бог и дека постои иден живот. Сигурен сум, напротив, дека тоа никогаш нема да биде случај…“[3]
Библиографија
уреди- Unterredungen über die Schönheit der Natur (1750)
- Gedanken über den Ursprung der Wissenschaften und schönen Künste (1762)
- Allgemeine Theorie der schönen Künste (1771–74)
- Vermischte philosophische Schriften (1773/81)
Наводи
уреди- ↑ Petra Maisak, in Pape & Burwick (Eds.), The Boydell Shakespeare Gallery, Peter Pomp 1996, ISBN 3893551344, p. 59
- ↑ Kant, Immanuel, translated and edited by Paul Guyer and Allen W. Wood, Critique of Pure Reason, Cambridge University Press, 2000, ISBN 0-521-65729-6, Editor's note on p. 752.
- ↑ Critique of Pure Reason, A 742