Јосиф Христовски-Ѕвончаро

припадник на македонското националноослободително и комунистичкото движење и учесник во антифашистичката борба во Југославија

Јосиф Христовски-Ѕвончаро (15 декември 1914, Битола1942, Србија) — припадник на македонското националноослободително и комунистичкото движење и учесник во антифашистичката борба во Југославија.[1]

Јосиф Христовски-Ѕвончаро
Роден 15 декември 1914
Битола
Починал 1942
околина на Лесковац

Животопис

уреди
 
Биста на Јосиф Христовски-Ѕвончаро во Градскиот парк во Битола

Јосиф Христовски основно и средно образование завршил во Битола. По матурата во 1933 година, се запишал на правни студии во Белград, Србија. Откако дипломирал во 1939 година се вратил во Битола, и станал еден од иницијаторите за создавањето на нов Местен комитет на КПЈ и негов прв секретар. Во тоа својство е организатор на поголем број на штрајкови на битолските работници. Заради својата револуционерна дејност од српската окупаторска полицијата бил повеќепати апсен и затворан. Во 1939 година бил затворен во Билеќа, Босна и Херцеговина. Откако се вратил, повторно се вклучил во работата на комунистичката организација во Битола како член на Месниот комитет. Во септември 1940 година бил уапсен и осуден на пет години затвор. Казната ја издржувал во Србија, во затворот во Сремска Митровица.[1]

Учество во НОБ

уреди

Априлската војна од 1941 година го затекнала в затвор. Во август 1941 година заедно со други комунисти-затвореници успеал да побегне од затворот и како партизан му се приклучил на Фрушкогорскиот партизански одред. По краток период се префрлил во Западна Србија и учествувал во создавањето и работата на познатата Ужичка Република. Оттаму заминал во југозападна Србија и во реонот на Лесковац бил борец на Кукавичкиот партизански одред. Загинал во борбите на оваа партизанска единица со големосрпските четници на Дража Михајловиќ во април 1942 година.[1]

Чествување

уреди

Адвокатската комора на Битола донирала бисти на Јосиф Христовски-Ѕвончаро и на Коле Канински како на правници кои се поставени пред Апелациониот суд во Битола во 1981 година. Секоја година на денот на адвокатите полагаат цвеќе пред нивните бисти.[2]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Литовски, Александар (15.12.2020). „На денешен ден е роден Јосиф Христовски-Ѕвончаро, учесник во НОБ“. Апла. Посетено на 29 март 2022. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  2. „Битолските адвокати го одбележаа Денот на македонската адвокатура“. Академик. 18.06.2018. Посетено на 29 март 2022. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)