Јосиф Руњанин или Јосип Руњанин (хрватски: Josip Runjanin; Винковци, 8 декември 1821Нови Сад, 2 февруари 1877) — хрватски композитор.

Јосиф Руњанин
Josip Runjanin
Роден(а)8 декември 1821(1821-12-08)
Винковци, Хабсбуршка Монархија
Починал(а)2 февруари 1877(1877-02-02) (возр. 55)
Нови Сад
ЖивеалиштеЗагреб, Хрватска
НационалностХрват
Занимањекомпозитор

Животопис

уреди

Јосиф Руњанин е роден во Винковци, во тогашната Хабсбуршка Монархија, но по потекло бил од селото Руњани кај Лозница[1]. Бил крстен во православната црква „Слегувањето на Светиот Дух“, затоа што потекнувал од цинцарско семејство кое пребегнало од Србија.

Од Винковци, се преселиле во Бијељина, а потоа во Славонија. Во Сремски Карловци завршил средно образование, по што се определил за воена професија.[2].

Од 1847 година, до своето пензионирање, напредувал во воената служба и тоа од кадет до потполковник. Еден период бил и во полкот на Јосип Јелачиќ.

Творештво

уреди

Создавањето на хрватската химна

уреди

Руњанин, музичкото образование го стекнал кај воениот капетан во Глина, каде што свирел на клавир. Овде, често го посетувал друштвото на илирските родољуби, кои пак одржувале литературни собири читајќи дела на илирски писатели. Тука, за првпат ја слушнал песната на Антун Михановиќ - „Хрватската татковина“. Како хрватска химна првпат била изведена на Хрватско-славонската изложба во Загреб во 1891 година, во време кога никој од авторите не бил жив.

Денес, Јосиф Руњанин го сметат за автор на композицијата „Убава наша татковино“ - (Lijepa naša domovino), денешната химна на Хрватска[3].

Според изјавата на неговиот роднина Никола Руњанин, мелодијата била „инспирирана“ од мелодијата на една италијанска композиција, а музикологот Кухач, подоцна открил дека тоа е сосема слободна преработка на дуетот од третиот чин од операта Луција од Ламермур на Гаетано Доницети[4]

Други дела

уреди

Неговиот опус не е голем, но сепак останал запаметен по композицијата на хрватската химна.

Создал неколку хорски напеви, меѓу кои поистакнати се: „Те сакаме Наша Гордост“, посветена на Јосип Јелачиќ.

Руњанин умрел во Нови Сад во 1878 година и бил закопан на Успенските гробишта[5].

Наводи

уреди
  1. www.glas-javnosti.rs Архивирано на 4 март 2016 г.,
  2. 2. veljače 1878. umro Josip Runjanin – skladatelj hrvatske himne
  3. Josip Runjanin – skladatelj hrvatske himne – 1821/
  4. Runjanin, Josip
  5. „Runjanin, Josip“. Архивирано од изворникот на 2019-03-24. Посетено на 2019-03-30.

Надворешни врски

уреди