Јордан Камчев
Јордан (Орце) Камчев (р. 24 јули 1970 во Скопје) — македонски стопанственик. Тој е претседател на Одборот на директори на „Аџибадем систина“[1] и извршен директор на фирмата „Орка холдинг“[2] чиј сопственик е неговата мајка.[3]
Животопис
уредиСин е на македонскиот стопанственик Илија Камчев кој во времето на СФРЈ бил директор на „Македонија Спорт“.[4]
Дипломирал на Економскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Во 1990 година ја основа фирмата „Орка“ која на почетокот ја води неговиот татко. Подоцна оваа фирма, која на почетокот се занимава само со трговија и спортска опрема прераснува во „Орка холдинг“.
Во брак стапува двапати. Првиот пат со Олга Костовска (ќерка на Трифун Костовски — поранешен градоначалник на Скопје). Во 2007 година стапува во брак со Ана Ѓоргиева.[5]
Инвестиции на Камчев
уредиКамчев е сопственик и акционер во повеќе македонски претпријатија, меѓу кои:
- Орка холдинг а.д. Скопје
- Орка спорт
- Интерспорт
- КБ Аџибадем систина
- Систина нефроплус
- Монт
- Хотел Мериот — Скопје[6]
- Hotel ibis Skopje City Center
- Sushico
- Медиа принт Македонија (МПМ)[7]
- Графички центар Скопје — Во сопственост на оваа фирма била фирмата МПМ.[8] Весниците „Утрински весник“ и „Вест“ престануваат со излегување на 29 април 2017 година (два дена по настаните во Собранието кои се случија на 27 април 2018). Фирмата Графички центар е затворена во текот на следниот месец.[9]
- ЗК Пелагонија
- Стопанска банка а.д. Битола
- Здравје редово — млекарница
- Жито Полог а.д. Тетово
- Бетон-Штип а.д. Штип
Контроверзи поврзани со инвестициите на Камчев
уредиБетон — Штип — Според истражувањата на Брин Македонија оваа фирма, во рамките на поректот Скопје 2014, има изведено вкупно 7 објекти во вредност од 54,82 милиони евра.[10]
Офшор-фирми — Според истражувањата на БРИН Македонија во овие фирми („Стопанска банка АД — Битола“, Земјоделскиот комбинат „Пелагонија“, млекарницата „Здравје Радово“ „Бетон“ АД — Штип) се наоѓа и капитал од офшор-компанијата „Ексико“.[11]
Графички центар — Според информациите пласирани од СДСМ во 2014 година фирмата „Графички центар“ во периодот од 2011 до 2014 година од државата има добиено тендери во вредност од околу 10 милиони евра.[12]
ЗК Пелагонија — Според информациите од СДСМ земјоделскиот комбнат Пелагонија е фирмата која има добиено најмногу субвенции, во висина од околу 2,5 милиони евра, од тогашната влада на ВМРО-ДПМНЕ.[12] Според понови информации, публикувани во 2016 година од страна на БРИН Македонија, за периодот од 2011 до 2014 година ЗК Пелагонија има добиено субвенции во висина од околу 6,4 милиони евра.[13] Според податоците кои ги има публикубано БРИН Македонија ЗК Пелагинија сѐ уште претставува најголем примател на субвенции од државата.[13]
Политички ангажмани и ставови
уредиВо деведесеттите години Камчев е потпретседател на подмладокот на СДСМ кога претседател е Радмила Шеќеринска.[14] На изборите во 1998 година тој е кандидат за пратеник на СДСМ во една од скопските изборни едеиници.[14] Изборите ги губи од Данило Глигоровски (ВМРО-ДПМНЕ). Потоа го напушта активниот ангажман за СДСМ. Во 2003 година излегува од партијата.
Во истиот период неговиот татко е високо позициониран во ВМРО-ДПМНЕ.[14]
Во периодот пред одржување на референдумот за Договорот со Грција тој се изјаснува дека ќе го поддржи.[3] Во истото интервју се вели дека тој повеќе не е пријател со Сашо Мијалков (кум од вториот брак) и дека по тоа прашање се разликуваат.[3][14]
Општествена активност
уредиВо 1998 година, на 28 годишна возраст, Камчев е избран за претседател на Кошаркарска федерација на Македонија,[15] а бил најмладиот на таа функција.
Јордан Камчев е претседател на Фондацијата „Илија Камчев“.[16][16]
Во 2012 година „Орка Холдинг“ донира жирафа на Зоолошката градина во Скопје.[17]
Во декември 2016 избран е за потпретседател на Македонскиот олимписки комитет.[18]
Останато
уредиУгледниот магазин Forbes го прогласува за најбогат Македонец во 2016 година.[14][19]
Поврзано
уредиНаводи
уреди„Јордан Камчев“ на Ризницата ? |
- ↑ „Менаџмент“. Аџибадем Систина. Посетено на 2 февруари 2016.
- ↑ „Корпоративна структура“. Орка Холдинг. Архивирано од изворникот на 2016-02-24. Посетено на 2 февруари 2016.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 „ОРЦЕ КАМЧЕВ: Да нема дилема, јас лично би потпишал ист договор со Грција“. Портал Фактор (Фактор Портал ДОО Скопје). Посетено на 10 ноември 2018.
- ↑ 4,0 4,1 Ненадејно почина стопанственикот Илија Камчев, Вечер, 14 август 2009 година [1] Архивирано на 10 март 2017 г.
- ↑ 5,0 5,1 „ОРЦЕ КАМЧЕВ НЕ Е ВЕЌЕ ПЛЕЈБОЈ. СЕ ОЖЕНИ., Вечер, 26 juli 2007 година“. Архивирано од изворникот на 2017-02-02. Посетено на 2018-11-10.
- ↑ 6,0 6,1 „Камчев влезе во сопствеништвото на „Мериот"“. БИРН Македонија. Text "http://prizma.mk/kamchev-vleze-vo-sopstvenishtvoto-na-meriot/" ignored (help); Отсутно или празно
|url=
(help);|access-date=
бара|url=
(help) [2] - ↑ 7,0 7,1 „Камчев ги купи весниците на МПМ“. mkd.mk. 9 јануари 2012. Text "https://www.mkd.mk/5112/makedonija/kamcev-gi-kupi-dnevnik-vestutrinski-vesnik" ignored (help); Отсутно или празно
|url=
(help);|access-date=
бара|url=
(help) [3] Архивирано на 30 март 2022 г. - ↑ 8,0 8,1 „„Утрински весник" и „Вест" излегоа за последен пат“. БИРН Македонија. Посетено на 10 ноември 2018.
- ↑ 9,0 9,1 „„Графички центар" оди во стечај“. Fokus.mk. Посетено на 10 ноември 2018.
- ↑ 10,0 10,1 „Скопје 2014 под луп“. БИРН Македонија. Посетено на 10 ноември 2018.
- ↑ 11,0 11,1 „Бизнис мрежата околу Коста Крпач е обвиена со офшор-мистерии“. БИРН Македонија. Посетено на 10 ноември 2018.
- ↑ 12,0 12,1 12,2 „Мијалков или кој стои зад фамозната Ексико премиере Груевски?“. СДСМ. 18 март 2014. Посетено на 10 ноември 2018.
- ↑ 13,0 13,1 13,2 „Топ 5 фирми што зеле најмногу земјоделски субвенции“. Text "http://prizma.mk/top-5-firmi-shto-zele-najmnogu-zemjodelski-subventsii/" ignored (help); Отсутно или празно
|url=
(help);|access-date=
бара|url=
(help) [4] - ↑ 14,0 14,1 14,2 14,3 14,4 14,5 Камчев се скара со Мијалков, ќе гласал со “за” на референдумот, Magazin.mk, 17 септември 2018 година [5]
- ↑ „Наумоски: ќе работам во интерес на кошарката“. Утрински Весник. 28 април 2015. Посетено на 2 февруари 2016.[мртва врска]
- ↑ 16,0 16,1 „Управен одбор“. Фондација „Илија Камчев“. Посетено на 2 февруари 2016.
- ↑ 17,0 17,1 „Жирафата-нов жител на Зоолошката градина во Скопје“. mkd.mk. Text "https://www.mkd.mk/55480/makedonija/skopje/zirafata-nov-zitel-vo-zooloshka-gradina-vo-skopje" ignored (help); Отсутно или празно
|url=
(help);|access-date=
бара|url=
(help) [6] Архивирано на 16 февруари 2022 г. - ↑ 18,0 18,1 „Орце Камчев, најбогат Македонец“. mkd.mk. Text "https://www.mkd.mk/sport/drugi-sportovi/vasil-tupurkovski-ostanuva-na-chelo-na-mok/" ignored (help); Отсутно или празно
|url=
(help);|access-date=
бара|url=
(help) [7] Архивирано на 12 декември 2016 г. - ↑ 19,0 19,1 „Васил Тупурковски останува на чело на МОК, Камчев и Буштур потпретседатели“. mkd.mk. Text "https://www.mkd.mk/makedonija/orce-kamchev-najbogat-makedonec/" ignored (help); Отсутно или празно
|url=
(help);|access-date=
бара|url=
(help) [8] Архивирано на 25 јуни 2017 г.