Јон — македонски зограф од XVII век.

Јон Зограф
Роден XVII век
Линотопи
Националност Македонец
Занимање зограф

Роден бил во селото Линотопи (живеел најверојатно во Костур). Ја живописал црквата „Св. Атанасиј” во Рилево, Прилепско. Во неговото сликарство преовладува изразит графицизам и отсуство на пластичност. Му се припишуваат, уште, живописот во тремот на Журче (1622) и Страшниот суд на западната фасада од главната црква на манастирот Зрзе (1624/1625).[1].

Всушност, низ целиот период на живеење под турско ропство, во Македонија постоеле вистински зографски и копаничарски школи, чии дела денес се непроценливо културно наследство, а кои се среќавааат по големиот број цркви низ Македонија и поширокиот простор на Балканот, овие дела ги карактеризирало префинетото чувство, кое се забележува преку силните ликовни изрази, ускладените бои и општата мистичност и свежина, како и емотивноста, која импресионира при средбата со нив, уште повеќе нè тера на подлабока размисла за нивото на вредностите кое важело за тие периоди. Еден од тие мајстори е и зографот Јон кој ја живописувал малата еднокорабна црква „Св. Атанасиј“ во селото Рилево, сега во општина Долнени, на 30-тина километри западно од Прилеп[2].

Наводи

уреди