Јонче Попоски
Јонче Рувчев Попоски ( 1919 во Карбуница, Кичевско — 1944 во Охрид) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Јонче Попоски | ||
Роден | 1919 година Карбуница, Кичевско, Македонија под окупација на Кралство СХС | |
---|---|---|
Починал | ноември, 1944 година Охрид, Македонија | |
Националност | Македонец |
Животопис
уредиПо занимање бил земјоделец. Во текот на 1943 година бил активен член во народно-ослободителниот одбор во селото, а подоцна и член на КПМ. Неговата активност продолжила ѝ во 1944 година кога заминал партизан во редовите на Првата македонска бригада. Со Бригадата учествувал во борбите за ослободувањето на Охрид, каде загинал во ноември 1944 година во борба со Германците.[1]