Тишри
Тишри или тишреј (хебрејски: תִּשְׁרֵי или תִּשְׁרִי; од акадски ташриту, „почеток“) — првиот месец од граѓанскиот и седмиот месец од верскиот еврејски календар (чија година почнува на 1 нисан). Името му е од вавилонско потекло. Ова е есенски месец со 30 дена. Обично се паѓа во септември–октомври од грегоријанскиот календар.
← елул тишри (תִּשְׁרֵי) хешван → | ||||
---|---|---|---|---|
Вториот најсвет ден во еврејскиот календар, Јом кипур (Ден на покајание) се празнува на 10 тишри | ||||
Реден број: | 7 | |||
Денови: | 30 | |||
Годишно време: | есен | |||
Грегоријански: | септември–октомври |
Во Танахот (Стариот завет), пред Вавилонското ропство, месецот е наречен етаним (אֵתָנִים).[1]
Во неговото капитално дело „Загадочните броеви на хебрејските цареви“ (The Mysterious Numbers of the Hebrew Kings), американскиот богослов Едвин Р. Тиле заклучува дека Јудејско царство ги броело годините по граѓански, почнувајќи од тишри, додека пак Израелско царство почнувало да брои од верската Нова година во нисан.
Празници во тишри
уреди1-2 тишри: Рош ашана (Нова година)
3 тишри: Цом Гедаља (Пост на Годолија) — на 4-ти ако 3-ти се паѓа во шабат
10 тишри: Јом кипур (Ден на покајание)
15–21 тишри: Сукот (Сеници)[2]
- 21 тишри: Ошана раба (Голема молитва)
22 тишри (на 23-ти вон Израел): Шемини ацерет (Осми собор) и Симхат Тора (Радост на Тората)
Тишреј во библиските преданија
уреди1 тишри 2 г. (грег. 3760 г. п.н.е.): Господ ги создава Адам и Ева
Од библиската книга Битие 1:26:
Потоа Бог рече: „Да создадеме човек според Нашиот образ (и) според Нашето подобие како Што сме Ние, кој ќе биде господар над морските риби, над небесните птици, (над ѕверовите) и над добитокот – над целата земја и над сите гадинки што лазат по земјата!” [3]
Наводи
уреди- ↑ Трета книга Царства 8:2, Библија на македонски јазик: Стар завет, стр. 385 PDF
- ↑ Данон, Цадик (2008). Основни поими на јудаизмот (PDF). прев. Марија Алексиќ (II. изд.). Скопје: Еврејска заедница во Република Македонија. ISBN 9989-102-14-7.
- ↑ Битие 1:26, Библија на македонски јазик: Стар завет, стр. 10 PDF
Надворешни врски
уреди- Овој месец во еврејската историја (англиски)
- Јом кипур Архивирано на 12 септември 2015 г. — Еврејска заедница во РМ (македонски)