Јован Борисов Тикваров повеќе познат како Јован Тикваров[1] (7 јануари 1924, ВелесВелес, 9 ноември 1944) ― македонски комунистички партизан, еден од повеќето истакни членови на комунистичката подгрупа во Велес создадена од Сојузот на комунистите на Југославија. Со формирањето на Комунистичката Партија на Македонија се префрлил од КПЈ кон КПМ. Еден од велешките борци во 3та Македонска ударна бригада којшто трагично загинал во ослободителна битка во Велес.[2]

Јован Тикваров
Слика од Јован Тикваров
Роден(а)7 јануари, 1924
Велес, Кралство СХС
Починал(а)9 ноември, 1944
Велес, Окупирана Македонија

Животопис

уреди

Јован Тикваров е роден во 7 јануари во 1924 година во сиромашно занаетчиско и печалбарско семејство. Заради неговите сиромашни услови само можел да присуствува четири години на основно школско образование, како последен обид на успех собрал материјали за тригодишно образование во занаетчиско вечерно училиште, почнал да соработува со неговото семејство како чевларски занаетчи.[2] Со почетокот на втората светска војна во Југославија и подпаѓање на неговиот роден град под брутална фашистичка бугарска окупација Тикваров почнал повеќе да се ориентира кон комунизмот и социјализмот, верувајќи дека македонските партизани ќе ја ослободиле Македонија.

Почнал да учествувал во повеќе активности организирани од комунисти и учествувал во разнесување разновиден материјал, како весници, летци, прогласи и многу други.[2] Заради неговите активности помеѓу 1942-1943 година бил примен како член на комунистичката партија на Југославија и после комунистичката партија на Македонија, брзо станал еден од повеќето истакнати членови во велешката подгрупа на организација. Тој помогнал нелегални партизани и ги обезбедил. Покрај 1944 станувал повеќе воено активен, со формирајќи на еден од бригадите под склоп на 3та Македонска ударна бригада, тој станал еден од повеќето истакнати членови во бригада, заради тоа бил еден од првите војници кој директно учествувал во борбата на ослободувањето на Велес. Загинал од погоден куршум, после војната неговите остатоци биле пренесени во Велешката костурница.[2]

Наводи

уреди
  1. Во постари македонски дела бил именуван како „Јовче Тикваров“, кога била изградена спомена костурницата во Велес неговото гробиште го именувал како Јовче Тикваров, после независноста на Македонија била корегирана грешката.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Малковски, Ѓорѓи (1985). Велес и Велешко во Народно ослободителната војна : 1941-1945 : Спомен книга на загинатите борци во НОВ и жртви на фашистичкиот терор од Велес и Велешко. Титов Велес : Општински одбор на Сојузот на здрженијата на борците од НОВ, 1985 (Куманово : "Просвета"). стр. 128.