Хенриете Нанете „Јети“ Парл (холандски: Henriette Nanette "Jetty" Paerl; 27 мај 1921 – 22 август 2013 година) ― холандска пејачка со еврејско потекло и член на холандскиот отпор за време на Втората светска војна. Таа е позната по тоа што била една од холандските претставници на Евровизија 1956 година со песната „De vogels van Holland“ (во превод: Холандските птици), и по тоа што била првиот пејач што некогаш настапил на Евровизија.

Јети Парл
Парл за време на телевизиско емитување во 1956 година
Парл за време на телевизиско емитување во 1956 година
Основни податоци
Родено имеХенриете Нанете Парл
Познат(а) и какоЈетје ван Радио Оранје (Јети од Радио Оранје)
Роден(а)27 мај 1921(1921-05-27)
Амстердам, Холандија
Починал(а)22 август 2013(2013-08-22) (возр. 92)
Амстелвен, Холандија
Жанр(ови)Кабаре, шансона

Животопис

уреди

Ран живот

уреди

Парл била родена и израсната во Амстердам. По германската инвазија на Холандија во мај 1940 година, таа побегнала во Лондон со нејзините родители и пливачот Вили ден Оден, каде што работела како дизајнер на детска облека во продавница во улицата „Њу Бонд“.[1] Таа, исто така, придонела за емитувањата на Радио Оранје, радио програма создадена од холандската влада во егзил, поради што станала позната како Јетје ван Радио Оранје („Јети од Радио Оранје“) во Холандија. Во програмата, таа изведувала песни - напишани од нејзиниот татко Јозеф Пајрл и компонирани од Луис Дејвидс и Дирк Вите - во кои нацистите и членовите на Националното социјалистичко движење (холандските соработници со нацистите) биле отворено исмејувани.[2]

Кон крајот на војната, Парл станала член на Женскиот помошен корпус (Vrouwen Hulpkorps) на Кралската холандска армија.[1] По ослободувањето на Холандија во мај 1945 година, таа се вратила во својата земја преку Зеланд и била стационирана во Ротердам.[1] Набргу потоа дознала дека и двајцата нејзини постари браќа се уште се живи. Едниот побегнал во Швајцарија, додека другиот останал во Холандија за време на војната.[1]

По војната

уреди
 
Парл во 1947 година.

Во 1951 година, Парл се омажила со холандскиот илустратор Кес Банцингер.[1] Во 1956 година, таа завршила на второто место на холандскиот Национален фестивал на песната 1956 со песната „De vogels van Holland“, напишана од Ани Марија Хертруида Шмит и компонирана од Кор Лемер. Ова ѝ дало право, со Кори Брокен, да ја претставува Холандија на првото издание на Евровизија. Како првиот изведувач на вечерта, Парл ја испишала историјата како првиот пејач што некогаш настапил на Евровизија.[3]

Во 1985 година, сопругот на Парл открил дека тој бил член на Национално социјалисточкото движење за краток период на почетокот на Втората светска војна, откако новинарот Адријан Венема го соочил со писмата што тој ги испратил до Одделот за јавни информации и уметност. во тоа време.[1] Една недела подоцна, Банцингер извршил самоубиство со давење во вода.[1] Самата Парл почина на 22 август 2013 година во Амстелвен, на 92-годишна возраст.[4]

Дискографија

уреди

Продолжени изданија

уреди
  • Jetty Paerl – 1957 година[5]
  • Jetty Paerl 2 – 1957 година[5]

Албуми

уреди

Разно

уреди
  • Парл се појавила во 18. епизода од британска документарна серија Светот во војна (1973–74).

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 „Jetty Paerl“. joodsamsterdam (холандски). Посетено на 14 мај 2023.
  2. „Jetje van Radio Oranje“. Muziekweb. Посетено на 14 мај 2023.
  3. West, Chris (17 мај 2015). „Take note: a song for Europe helped spark the flares of freedom“. Sunday Times. ProQuest 1681146040. |access-date= бара |url= (help)
  4. „Zangeres Jetty Paerl (92) overleden“. Volkskrant (холандски). Посетено на 14 мај 2023.
  5. 5,0 5,1 5,2 „Jetty Paerl“. Discogs (англиски). Посетено на 14 мај 2023.

Надворешни врски

уреди
Награди и достигнувања
Претходник
Холандија на Евровизија
1956
Наследник
Кори Брокен
со Voorgoed voorbij