Долгометражно издание (музика)

Долгометражно издание во музиката се смета за специјален тип на Винил плоча кој се врти на 33 1/3 вртежи во минута. На англиски е познат и како LP. Во главно, тоа е 10 или 12 инчна плоча, која беше претставена во 1948 г. и која стана главниот формат за издавање на албуми во следните 30 години, сè додека компактните дискови не го заменија во почетокот на 90-тите.