Квадратен јард
(Пренасочено од Јд²)
Квадратен јард (симб. sq yd, yd², јд²) — неметричка (британско-американска) единица за површина, некогаш во широка употреба во целиот англофонски. Денес се користи во САД, Велика Британија, Канада, Пакистан и Индија. а во сите останати земји е заменета со квадратниот метар. Еден квадратен јард е плоштината на квадрат со страна од еден јард (3 ст, 36 ин, 0,9144 м) во должина. Не постои стандарден и општоприфатен симбол за квадратниот јард, но најчести меѓународни симболи се sq yd и yd², како и македонскиот јд².
Претворање во други единици
уредиЕден квадратен јард е еднаков на:
- 1 296 квадратни инчи
- 9 квадратни стапки
- ≈0,00020661157 акри
- ≈0,000000322830579 квадратни милји
- 836 127,36 квадратни милиметри
- 8 361,2736 квадратни сантиметри
- 0,83612736 квадратни метри
- 0,00000083612736 квадратни километри