Јасин Шикауи

Јасин Шикауи (роден во Радес на 22 септември 1986) е туниски фудбалер, офанзивен играч од средниот ред на Етуал ду Сахел и на туниската репрезентација.

Јасин Шикауи
Yassine-Chikhaoui.jpg
Лични податоци
Роден на 22 септември 1986 (1986-09-22) (34 г.)
Роден во Радес, Тунис
Држава Тунис Тунис
Висина &100000000000001890000001,89 м
Позиција среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Етуал ду Сахел Етуал ду Сахел
Број 28
Младинска кариера
Етуал ду Сахел Етуал ду Сахел
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2004-2007 Етуал ду Сахел Етуал ду Сахел 84 (39)
2007-2015 Цирих Цирих 116 (28)
2015-2017 Ал-Гарафа Ал-Гарафа 14 (1)
2017-2018 Ал-Ахли Доха Ал-Ахли Доха 23 (6)
2018- Етуал ду Сахел Етуал ду Сахел 2 (2)
Репрезентација
2006- Тунис Тунис 41 (10)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 17 јануари 2012.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 17 јануари 2012

Технички карактеристикиУреди

Офанзивен играч од средниот ред или втор напаѓач со голема брзина дури и кога ја има топката во посед, а исто така е и вешт дриблер.

Клупска кариераУреди

Шикауи е роден во Радес, град во северниот дел на Тунис. Својата кариера ја започнал во екипата на Етуал ду Сахел, во Првата фудбалска лига на Тунис и го направил своето деби за првиот тим во 2004 година. Тој станал капитен на тимот на возраст од само 17 години, а во сезоната 2006-07 дал значаен придонес за освојувањето на туниското првенство. На 22 мај 2007 година, тој потпишал петгодишен договор со швајцарскиот клуб Цирих од Суперлигата. Своето деби за Цирих го направил на 22 јули, во поразот со 1-0 на гостувањето кај Базел во првото коло од сезоната 2007-08. Четири дена подоцна, Шикауи го постигнал својот прв гол во дресот на Цирих против Луцерн во победата со 4-1 на домашен терен. Во сезоната 2008-2009 со клубот го освоил првиот трофеј, кога Цирих бил станал шампион на Швајцарија. Тој поминал осум години во швајцарскиот клуб и бил капитен на клубот во еден период, забележувајќи преку 150 настапи за Цирих во сите натпреварувања.

Во 2015 година се преселил во катаркото првенство каде потпишал најпрво за Ал-Гарафа, а две години за Ал-Доха.

Во 2018 година се вратил во Етуал ду Сахел, клубот во кој ја започнал својата кариера.

Репрезентативна кариераУреди

Тој дебитирал за туниската репрезентација во 2006 година, кога тој учествувал на Светското првенство во Германија.

ТитулиУреди

  Етуал ду СахелУреди

  ЦирихУреди

Надворешни врскиУреди