Јаник Ањел
Јаник Ањел (роден на 9 јуни 1992 во Ним) е француски пливач кој е специјализиран во дисциплината краул, и е трикратен Олимписки медалист. Во своето олимписко деби на Летните олимписките игри 2012 во Лондон, тој освоил златни медали на 200 м краул како и на штафетната трка 4x100 м краул, и сребрен медал на штафетната трка 4x200 м краул. Тој е моментален француски рекордер на 200 и 400 м краул (долг курс).
Јаник Ањел | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Јаник Ањел во јуни 2012. | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Лични информации | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Целосно име | Јаник Ањел | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Прекар(и) | Ајкула | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Националност | Франција | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Роден на | 9 јуни 1992 | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Роден во | Ним, Франција | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Висина | 2.02 м | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Тежина | 80 килограми | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Спорт | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Спорт | Пливање | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Дисциплини | Краул | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
Личен живот
уредиАњел е роден во Ним во 1992, како син на медицинска сестра и либерален директор за човечки ресурси. Тој го добил своето име по францускиот тенисер Јаник Ноа. Ањел почнал да плива на 8 годишна возраст откако сосед го открил неговиот талент и го повикал неговиот родител да го запише во пливачки клуб.
Пливачка кариера
уредиРана кариера
уредиНа Европското јуниорско првенство 2009, Ањел победил на 200 и 400 м краул со европски јуниорски рекорди. Тој исто така бил дел од францускиот штафетен тим на 4×200 м краул кој освоил злато пред Русија и Италија.
Во април 2010, Ањел поставил француски рекорд на 200 м краул со време од 1:46.35 и го надминал светскиот рекорд на Амаури Лево од 1:46.54.[1] Во јуни 2010, тој го подобрил својот рекорд на 200 м краул со време од 1:46.30.
На Европското јуниорско првенство 2010, Ањел поставил француски рекорд на 400 м краул со време од 3:46.26 и го надминал францускиот рекорд на Николас Ростучер од 3:46.28 освојувајќи златен медал.[2]
Европско првенство 2010
уредиНа Европското првенство во водени спортови 2010, Ањел освоил златен медал на 400 м краул поставувајќи нов француски рекорд и рекорд на првенството.[3] Ањел, заедно со Фабиен Жило, Вилијам Мејнард, и Алан Бернард во штафетната трка на 4×100 м краул го осовоил сребрениот медал зад Русија. Во втората делница, Ањел испливал време од 48.23.[4] Пливајќи прв во штафетната трка на 4×200 м краул, Ањел со соборил својот сопствен француски рекорд на 200 м краул со време од 1:45.83. Ањел заедно со Клемон Лефер, Антон Харамбур, и Џереми Стравиус завршил на третото место на 4×200 м краул зад Русија и Германија.[5]
Светско првенство 2011
уредиНа Светското првенство 2011 во Шангај, Ањел се натпреварувал во три дисциплини. Во неговата прва дисциплина, на 400 м краул, Ањел завршил на 6-то место со време од 3:45.24. Во неговата втора дисциплина, на 200 м краул, Ањел завршил на 5-то место со време од 1:44.99 кое претставувало нов француски рекорд. Ањел го освоил единствениот медал на натпреварувањето, сребрен, на штафетната трка на 4×200 м краул. Францускиот тим составен од Ањел, Грегори Мале, Џереми Стравиус, и Фабиен Жило испливал нов француски рекорд со време од 7:04.81.
2012 Summer Olympic Games
уредиМедали | ||
---|---|---|
2012 Лондон – машко пливање | ||
Натпреварувач за Франција | ||
Олимписки игри | ||
200 м краул | 1:43.14 (НР) | |
4×100 м краул | 3:09.93 | |
4×200 м краул | 6:59.70 |
На Летните олимписки игри 2012 во Лондон, Ањел освоил вкупно три медали:два златни и еден сребрен. Во неговата прва дисциплина, на штафетната трка на 4×100 м краул, заедно со Амаури Лево, Фабиен Жило, и Клемон Лефер тој го освоил златниот медал со време од 3:09:93. Пливајќи во последната измена, Ањел успеал да го намали заостанувањето од 30 стотинки зад американскиот пливач Рајан Лохте. Во последните 50 метри, Ањел го престигнал Рајан Лохте и францускиот тим завршил пред американскиот тим за 45 стотинки. Ањел ја испливал својата делница најбрзо од било кого во базенот со време од 46.74 и станал единствениот поединец кој испливал под 47 секунди. Следниот ден, Ањел го освоил својот втор златен медал, во дисциплината 200 м краул со време од 1:43.14, кое било најбрзо време во француската пливачка истроија и 1.79 секунди пред сребрените Сун Јанг и Парк Тае-Ван.[6] Ањел го освоил својот последен медал на игрите, сребрен, на штафетната трка на 4×200 м краул зад американскиот тим, со Амаури Лево, Грегори Мале, и Клемон Лефер. Ањел исто така пливал и во финалето на 100 м краул, каде што завршил четврти со личен рекорд од 47.84 секунди.
Лични рекорди
уредиОд 1 август 2012.
Наводиуреди
|