Јадранка Костова (р. Скопје, 1 април 1960) — македонска новинарка.

Новинарска кариера

уреди

Костова работела во повеќе македонски електронски и печатени медиуми. Во 1984 година, по покана од Македонската радио телевизија влегува во јавниот сервис. По заминувањето од оваа куќа, поминува еден дел во Сител-телевизија а потоа во Канал 5 Телевизија. Во 2003 година станала главен уредник на списанието „Фокус“.[1][2] Во 2018 година се вработува во 1ТВ, каде останува една година.[3]

Комисијата за верификација на фактите ја лустрирала Костова како соработник со македонската служба за државна безбедност. Според решението на Комисијата, во периодот 1993-1996, како новинар во МРТВ, Костова давала информации за лица со пробугарска ориентација.[2]

Наводи

уреди
  1. Фокус, број 1000, 5 декември 2014, стр. 5.
  2. 2,0 2,1 Влатко Стојановски, „Жртвата на „кодошењето“ бил соработник на тајната полиција!“, Фокус, број 1100, 4 ноември 2016, стр. 24-26.
  3. „fokus.mk“.