Јади, моли се, љуби (филм)
Јади, моли се, љуби (со работен наслов „Доблестите на животот“) е американски филм (комедија-драма), снимен во 2010 година, во кој главната улога ја игра Џулија Робертс. Филмот е снимен според истоимените мемоари на Џилберт Јади, моли се, љуби.
„Јади, моли се, љуби“ | |
---|---|
Режисер | Рајан Марфи |
Продуцент | Бред Пит Деде Гарднер Џереми Клејнер Стан Влодковски Табрез Нурани |
Раскажувач | Џулија Робертс |
Главни улоги | Џулија Робертс Хавиер Бардем Били Крадап Ричард Џенкинс Виола Дејвис Џејмс Франко |
Музика | Дарио Марианели |
Кинематографија | Роберт Ричардсон |
Монтажа | Бредли Бекер |
Студио | Plan B Entertainment |
Дистрибутер | Sony Pictures |
Премиера | август 13 2010 |
Времетраење | 133 минути[1] |
Земја | Предлошка:Film US |
Јазик | Англиски Италијански |
Буџет | $60 милиони[2][3] |
Бруто заработка | $203,031,085 |
Содржина
уредиЕлизабет Џилберт (Џулија Робертс) го има она што се смета за добар живот: сопруг, куќа, добра работа, но сепак се наоѓа себеси незадоволна од таквиот живот, изгубена и збунета, и тргнува во потрага по она што навистина го сака. Ги презема првите чекори: се разведува и тргнува на пат околу светот. Всушност нејзиното патешествие се состои од три клучни земји: Италија, каде го учи јазикот и ја задоволува својата глад за италијанската храна, потоа Индија, каде поминува неколку месеци во будистички храм и учи да се моли и да медитира, и на крајот оди во Бали, каде учи да ја најде рамнотежата во животот. Таму го сретнува и човекот кој е вистинска љубов за неа.[4]
Улоги
уреди- Џулија Робертс како Елизабет Џилберт
- Хавиер Бардем како Фелипе, човекот во кого се вљубува Џилберт.
- Били Крадап - Стивен, првиот сопруг на Џилберт.
- Ричард Џенкинс - Ричард, човекот од Тексас со кого Џилберт се спријателува во храмот во Индија.
- Виола Дејвис - Делија Шираз, најдобрата пријателка на Џилберт.
- Џејмс Франко - Дејвид, Џилберт е во љубовна врска со него после разводот.
- Софи Томпсон - Корела, жена од индискиот храм.
- Кристина Хаким - Вајан, најдобрата другарка на Џилберт од Бали.
Критики
уредиФилмот доживеал претежно лоши критики во Италија.[5][6][7] Во Бразил, критиката се однесувала повеќе на говорот на глумецот Хавиер Бардем, кој е Шпанец, а во филмот глуми Бразилец кој зборува лош португалски јазик.[8]
Наводи
уреди- ↑ „Eat Pray Love (2010)“. IMDb. 2010-12-01. Посетено на 2010-12-01.
- ↑ Fritz, Ben (2010-08-12). „Movie projector: Stallone's 'Expendables' to blow away 'Eat Pray Love' and 'Scott Pilgrim'“. Los Angeles Times. Tribune Company. Посетено на 2010-08-12.
- ↑ „Eat Pray Love“. Box Office Mojo. IMDb Inc. Посетено на 2010-09-30.
- ↑ Антена, број 851, 18.10.2014, стр. 15.
- ↑ Tornabuoni, Lietta. „Lietta Tornabuoni: Eat Pray Love Review“. L'Espresso. Архивирано од изворникот на 2010-09-21. Посетено на 2011-02-27. Не се допушта закосување или задебелување во:
|publisher=
(help) - ↑ Ferzetti, Fabio. „Fabio Ferzetti: Eat Pray Love Review“. Il Messaggero. Архивирано од изворникот на 2010-09-21. Посетено на 2011-02-27. Не се допушта закосување или задебелување во:
|publisher=
(help) - ↑ Romani, Cinzia. „Cinzia Romani: Eat Pray Love Review“. Il Giornale. Архивирано од изворникот на 2010-11-02. Посетено на 2011-02-27. Не се допушта закосување или задебелување во:
|publisher=
(help) - ↑ Cinema em Cena