Отвори го главното мени

Виола Дејвис

Американска глумица

Виола Дејвис (родена на 11 август 1965 г.)[1] — американска глумица и продуцент.

Виола Дејвис
Роден(а)11 август 1965 (1965-08-11) (54 г.)
Сент Метјуз, Јужна Каролина, САД
Занимање
  • Глумица
  • продуцент
Активен период1992–сè уште
Родно местоСентрал Фолс, Роуд Ајленд
СопружникЏулијус Тенон (в. 2003)
ДецаЕдно

Таа е единствената црнкиња која три пати била номинирана за наградата Оскар, добивајќи еден, и е единствената црнкиња која ги има добиено трите најпрестижни награди за глума, Оскар, Златен глобус и Награда Тони.[2][3][4] Во 2012 и 2017 година, таа била именувана на списокот „сто највлијателни луѓе во светот“ кој го изготвува списанието Тајм. [5][6]

Откако дипломирала на престижната школа „Џулијард“ во 1993 година, Дејвис ја започнала својата кариера во театар. Таа играла споредни и мали улоги во неколку филмови и телевизиски серии на крајот на 1990. години и почетокот на 2000. години, и тоа во филмовите Кејт и Леополд (2001) и Далеку од рајот (2002) и во серијата Закон и ред: Одделение за посебни жртви. Во 2001 година таа добила Награда Тони за најдобра театарска глумица за изведбата на Тоња во претставата Кралот Хедли II. Дејвис направила пробив во филмската индустрија во 2008 година кога нејзината споредна улога во драмата Сомнеж ѝ донела неколку номинации, и тоа номинација за Златен глобус, номинација за наградата која ја доделува здружението на филмски глумци, и номинација за Оскар за најдобра споредна глумица. Во 2010 година, Дејвис добила Награда Тони за најдобра главна театарска глумица за нејзината изведба како Роуз Максон во обновената претстава Огради.[7] За улогата на куќната слугинка Ејблин Кларк во комичната драма Слугинки (2011), таа добила номинација за Оскар за најдобра глумица и ја добила наградата за најдобра глумица која ја доделува здружението на филмски глумци.[8][9]

Од 2014 година, Дејвис ја игра улогата на адвокатот Аналис Китинг во телевизиската серија Како да се извлечеш со убиство, улога која ѝ донела Еми награда за најдобра главна глумица во драмска серија, со што станала првата црнкиња која ја добила оваа награда.[10] Во 2016 година, Дејвис глумела во суперхеројскиот филм Одред на отпишаните и ја повторила улогата на Роуз Максон во филмската адаптација на Огради,[11] за која ги освоила наградите Оскар, Златен глобус и БАФТА за најдобра споредна глумица.[12] Дејвис и нејзиниот сопруг, Џулијус Тенон, се основачи на продукциската компанија JuVee Productions.

НаводиУреди

  1. „Viola Davis Biography: Theater Actress, Film Actress, Television Actress (1965–)“. Biography.com (FYI / A&E Networks). Архивирано од изворникот на December 22, 2014. конс. September 21, 2015. 
  2. Mic. „Oscars 2017: Viola Davis just became the first black actress to earn 3 Oscar nominations“. Mic. конс. January 24, 2017. 
  3. Maxwell Strachan (February 26, 2017). „Viola Davis Just Became The First Black Woman To Win An Oscar, Emmy And Tony For Acting“. HuffPost. Архивирано од изворникот на February 27, 2017. конс. February 26, 2017. 
  4. Lisa Ryan. „Viola Davis, First Black Actor to Win Oscar, Emmy, and Tony“. New York. Архивирано од изворникот на February 28, 2017. конс. February 27, 2017. 
  5. The 100 Most Influential People In The World“, „Time“, 18 април 2012.
  6. The 100 Most Influential People In The World: Viola Davis“, „Time“ (посет. 21 април 2017 г).
  7. Boroff, Philip (June 14, 2010). „Denzel Washington, Viola Davis, ‘Memphis,’ Win Top Tony Awards“. Bloomberg L.P. Архивирано од изворникот на May 7, 2013. конс. July 8, 2012. 
  8. SAG Awards 2012: Complete list of winners Архивирано February 1, 2012, во Wayback Machine. The Associated Press via New York Daily News, January 30, 2012.
  9. The 100 Most Influential People In The World“, „Time“, 18 април 2012.
  10. Emmy Awards 2015: The complete winners list“, CNN, 21 септември 2015.
  11. Viola Davis announces 'Fences' wrap: let the Oscar campaigns begin“, „Serving Cinema“, 14 јуни 2016 (посет. 9 јануари 2017 г).
  12. Viola Davis Wins First Golden Globe for ‘Fences’“, „Variety“, 8 јануари 2017 (посет. 9 јануари 2017 г).

Надворешни врскиУреди