Јаванско писмо
Јаванското писмо (изворно: ꦲꦤꦕꦫꦏ („ханачарака“) или ꦕꦫꦏꦤ꧀ („чаракан“), сундски: ꦕꦕꦫꦏꦤ꧀ („чачаракан“)) е изворното претколонијално писмо на јаванскиот јазик. Денес јазикот претежно се пишува на латиница, првично воведена во 1920-тите години.
Чаракан | |
---|---|
Тип | азбучнослоговно (абугида)
|
Период | ~ XIII век–денес |
Правец на пишување | од лево кон десно |
Јазици | јавански сундски |
Сродни писма | |
Матични системи | |
Сродни системи | балиско батачко бајбајин кулитан бухидско хануноанско лонтара старосундско ренчонг реџаншко тагбанва |
ISO 15924 | |
Уникод | |
U+A980–U+A9DF | |
Оваа статија содржи јаванско писмо. Без правилна поддршка, може да гледате прашалници, квадрати или други симболи наместо јавански знаци. |
Историја
уредиЈаванското и балиското писмо се посовремени варијанти на старото писмо кави, вид на индиско писмо усвоено во Јава заедно со хиндуизмот и будизмот. Најраното сведоштво за ова писмо датира од 804 г. Во X век било во широка употреба во книжевноста и во преводи од санскрит. Во XVII век писмото веќе се развило во денешното, кога се среќава како „чаракан“.[1] Во 1926 е воведена латиницата со холандски правопис, преработена во 1972–1973. Денес латиничното писмо во голема мера го има истиснато чараканот.
Постојат многу малку весници и списанија што се печатат на јаванско писмо. Меѓутоа, писмото засолжително се изучува во нижите и вишите паралелки на основните училишта.
Систем
уредиЈаванското писмо е азбучнослоговно (абугида). Секоја буква претставува слог со согласка (или „нулта согласка“) и подразбрана самогласка „а“ која се изговара како /ɔ/ во отворена положба. Околу буквата се ставаат разни дијакритични знаци кога треба да се означи друга самогласка, завршна согласка или странски изговор.[2]
Буквите имаат подредни облици со кои се транскрибираат согласни групи. Некои од нив имаат и голема варијанта, која се користи за имиња на важни лица и места. Разликата е во тоа што сите букви во зборот се пишуваат како големи, а не само првата. Постојат посебни интерпункциски знаци зе запирка, точка, две точки, наводници бројки, како и знаци за најава на глава, песна и писмо.[3]
Облик
уредиСекој симбол се состои од свиоци налик на буквата „n“ и свиоци налик на буквата „u“. Оние налик на n имаат две големини: мали и големи (двојно поголеми). Оние како u имаат три: мали, средни (1,5x) и големи (2,5x). На пример, знакот за „х“ се состои од мал свиок n, голем свиок u и два големи свиока n. Овој формат се запазува при рачното пишување, но денес не се следи при печатење.[2]
Знаците (буквите) се пишуваат закосени и под редот. Не постои разграничување на зборовите.[2]
Самогласки
уредиЈаванскиот има вкупно девет самогласки: /a/, /i/, /ɪ/, /e/, /ɛ/, /ə/, /o/, /ɔ/, /u/. Меѓутоа, постојат само пет дијакритични знака за самогласки, па така некои од нив се користат за две разни самогласки. Други знаци не се потребни благодарение на правилата за изговор и контекстот.[2]
Фонема | /i/ | /ə/ | /u/ | /e/ | /o/ |
Симбол | |||||
Назив | wulu | pepet | suku | taling | taling-tarung |
Правила за подразбраните самогласки кај основните знаци:[2]
1) Основниот знак означува слог што завршува со самогласката /ɔ/ кога на знакот му претходи друг знак со дијакритика за самогласка.
2) Основниот знак означува слог што завршува со самогласката /a/ кога веднш по него стои знак дијакритика за самогласка.
3) Првиот основен знак во зборот ја има самогласката /ɔ/, освен ако им претходи на други два основни знака, кога првиот основен знак ја има самогласката /a/.
Согласки
уредиha | na | ca | ra | ka |
da | ta | sa | wa | la |
pa | dha | ja | ya | nya |
ma | ga | ba | tha | nga |
Согласки на крај од слогот
уредиЧетирите посебни согласки што се јавуваат на крај од слогот се означуваат со дијакритични знаци. Овие согласки се: -ng, -r, -h и -l; се означуваат со знаците „чечак“, „лајар“, „вигњан“ и „пенгкал“.
- | /h/ final | /r/ final | /ŋ/ final |
pangkon | wignyan | layar | cecak |
Другите согласки што се јавуваат на крајот од зборот се користат со додаток („патен“) за да се означи отсуство на самогласка.[2][3]
ha | na | ca | ra | ka |
da | ta | sa | wa | la |
pa | dha | ja | ya | nya |
ma | ga | ba | tha | nga |
Големи букви
уредиСимбол | na | ka | ta | sa | pa | ga | ba |
Прости | |||||||
Посебни |
Согласни групи
уредиСогласни групи во јаванскиот јазик можат да образуваат само гласовите l, r, w и y.
На пример,
/l/: blabag - даска
/r/: mrana - упатување
/w/: dwi - два
/y/: hyang - Бог
Кога ‘r’ или ‘y’ е втора согласка во групата, тие се претставуваат со дијакритички знаци („чакра“ и „пенгкал“).[3] Меѓутоа, кога согласната група со ‘-r’ завршува со самогласката /ə/, тогаш се користи друг знак, наречен „керет“.
Кога ‘l’ или ‘w’ е втора согласка во групата, тие се претставуваат во прилагоден облик („пасанган“), со симбол под првата согласка од групата.[1][2]
Специјални знаци
уредиПозајмените зборови од други јазици како арапскиот и малајскиот се претставуваат со додавање на дијакритички знаци на јаванските букви со најслична звучна вредност.[3] Покрај тоа, писмото користи и специјални знаци за пишување на странски поими.
A: Нејаванските самогласки се претставуваат со пет специјални знаци. Тие се.[2]
Фонема | /a/ | /i/ | /u/ | /lə/ | /rə/ | /e/ | /o/ |
Симбол | |||||||
Назив | nga lelet | pa cerek |
B: Нејаванските согласки се претставуваат со пет специјални знаци. Тие се: /x/, /dʒ/, /f/, /ɣ/, and /z/.[2]
Броеви
уреди1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 0 |
Јаванскиот броен систем има свои симболи. Застапени се цифрите од 0 до 9, а останатите бројки се пишуваат со нивно комбинирање, исто како во индоарапскиот систем.[2]
0 nol 1 siji 2 loro 3 telu 4 papat 5 lima 6 enem 7 pitu 8 wolu 9 sanga
Сличности со балиското писмо
уредиЈаванското и балиското писмо се сметаат за исти. Разликата е чисто типографска.
Javanese script | Balinese script |
Галерија
уреди-
Двојазичен рекст на португалски и јавански
-
Мадурски текст напишан со јаванско писмо
-
Знак во Суракарта со латинично и јаванско писмо
-
Јаванското писмо е претставено на амблемот на специјалниот регион Јогјакарта
-
Натпис на џамијата Шолихин во Суракарта
-
Знак за банка на јавански
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Campbell, George L. Compendium of the World's Languages. Vol. 1. New York: Routledge, 2000.
- ↑ 2,00 2,01 2,02 2,03 2,04 2,05 2,06 2,07 2,08 2,09 Soemarmo, Marmo. "Javanese Script." Ohio Working Papers in Linguistics and Language Teaching 14.Winter (1995): 69-103.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 Daniels, Peter T and William Bright. The World's Writing Systems. Ed. Peter T Daniels and William Bright. New York: Oxford University Press, 1996.
Надворешни врски
уреди„Јаванско писмо“ на Ризницата ? |
- Јавански фонт и ресурси Архивирано на 9 ноември 2013 г. (индонезиски)
- Јаванско писмо - Omniglot (англиски)
- JawaTeX :: Транслитератор на јаванско писмо Архивирано на 5 јули 2012 г.
- https://symbl.cc/en/unicode/blocks/javanese-alphabet/