Ѓулистана Марковска
политичарка
Ѓулистана Марковска, Јумеровска (ромски: Džulistana Jumerovska Markovska[1]; Куманово, 1961) — македонска политичарка и пратеник.
Ѓулистана Марковска | ||
Родена | 1961 (воз. 62–63 г.) Куманово, НР Македонија, ФНРЈ | |
---|---|---|
Занимање | политичар и пратеник |
Животопис
уредиМарковска е родена 1961 година во Куманово. Завршила Медицински факултет, специјалист по очни болести. Работела како општ лекар во Медицинскиот центар во Куманово и како лекар специјалист во Воената болница во Скопје. Таа била пратеник во Македонското Собрание во 1991 година како пратеничка на тогашниот Сојуз на реформски сили, а потоа дејствувала како независна. Во пратеничките клупи минала уште четири години, од 1998 до 2002 година, како дел од тогашната ВМРО-ДПМНЕ, предводена од Љупчо Георгиевски[2]. Живее во Скопје.
Наводи
уреди- ↑ „Јумеровска Ѓулистана“. Собрание на Македонија. Посетено на 12 февруари 2012.
- ↑ Војновска, Оливера (3 јануари 2011). „Од ентузијазам до сервилност кон Владата“. Утрински Весник. Посетено на 12 февруари 2012.