Ѓувеч
Ѓувеч (турски: güveç, бугарски: гювеч, бошњачки: đuveč, српски: ђувеч) е турска, романска и балканска чорба од месо и зеленчук, налик на француската чорба наречена рататуј. Се подготвува од месо, маслинки, домати, печурки, кромид, билки, и зачини, и најчесто се служи со мешана салата.
Вид | Чорба |
---|---|
Дел од оброкот | Ручек |
Од месо, може да се користи пилешко, свинско, јагнешко или говедско, а понекогаш риба, но можно е месото и да се изостави. Од зеленчук се користи: кромид, домати, пиперки, тиквичка, модар патлиџан, грашок, компири, моркови. Од зачини се додаваат: црвен пипер и градинарска чубрика и некои други билки. Ова јадење може да се пржи или да се пече.[1]
Зборот ѓувеч, доаѓа од турското güveç, што претставува еден вид на овален земјен сад.[2]
Наводи
уреди- ↑ „Serbian casserole (đuveč)“. The Serbian Cookbook. Посетено на 17 December 2015.
- ↑ http://www.nisanyansozluk.com/?k=g%C3%BCve%C3%A7