Рататуј
Рататуј е француска чорба од зеленчук, што потекнува од регионот Прованса, односно од градот Ница. Понекогаш се нарекува и рататуј од Ница.[1]
Рататуј подготвен во Ница | |
Вид | Чорба |
---|---|
Дел од оброкот | Ручек |
Место на потекло | Франција |
Регион | Прованса |
Потекло
уредиЗборот рататуј доаѓа од окситанскиот збор ratatolha,[2] а се поврзува и со францускиот глагол touiller, со значење „мешање“.[3][4] До крајот на 18 век, во Франција чорбата рататуј била многу едноставно подготвувана. Денешната чорба е врз основа на домати, а содржи: лук, кромид, тиквички, модар патлиџан, пиперки, мајоран, коморач и босилек, или лаворов лист и мајчина душичка, или пак смеса од зелени билки, позната како „билки од Прованса“. Ваквиот состав на оваа чорба за првпат е објавен во 1930 година.[5]
Денес постојат повеќе варијанти во подготовката на ова јадење.[6] Карактеристично за подготовката на рататуј е што секој зеленчук што се додава, мора да биде прво посебно спржен. Со ваквата постапка, зеленчукот го задржува својот вкус.[7]
Наводи
уреди- ↑ Ratatouille. Oxford English Dictionary, 2nd edition (1989)
- ↑ « ratatouio », Lou tresor dou Felibrige, Frédéric Mistral
- ↑ Alan Davidson (2014). The Oxford Companion to Food. Oxford University Press. стр. 655. ISBN 978-0-19-967733-7.
- ↑ „Chef Brian Discusses The Origin of Ratatouille Nicoise“. LADC. Архивирано од изворникот на 2015-10-09.
- ↑ Scotto, E., and Marianne Comolli. "Vegetables: A Garden of Eden." France, the Beautiful Cookbook: Authentic Recipes from the Regions of France. San Francisco: Collins, 1989. 195. Print."
- ↑ Cloake, Felicity (15 July 2010). „How to make perfect ratatouille“. The Guardian. Посетено на 9 September 2016.
- ↑ Robuchon, Joël (2008). The Complete Robuchon. New York: Alfred A. Knopf. стр. 597. ISBN 978-0-307-26719-1.