Ѓошо Викентиев

македонски партизан

Ѓошо Викентиев (родено име: Ѓорѓи Димитровски Викентиев; 19 април 1920 - 17 октомври 1944) — македонски првоборец од НОБ роден во Кочани и произлегува од занаетчиско семејство. По завршувањето на основното училиште во родниот град, од 1934 до 1939 година образованието го продолжува во воено-техничкиот завод во Крагуевац.[1] Откако го завршил школувањето, се вработил во Воениот завод во Крагуевац и таму работел до март 1941 година, кога се враќа во Кочани и се вработува како референт во тогашната кочанска општина.

Ѓошо Викентиев
Роден Димитровски Викентиев Ѓорѓи
19 април 1920
Кочани, Кралство СХС
Починал 17 октомври 1944(1944-10-17) (возр. 24)
Кочани, ДФ Македонија

Во НОВ стапил на 6 септември 1944 година, како борец на IV Македонска народноослободителна ударна бригада. Подоцна поминал во редовите на XIV Македонска младинска народноослободителна ударна бригада „Димитар Влахов“ и учествувал во борбите против фашистичкиот окупатор што ги водела бригадата.[2]

Загинал при нападот за ослободување на Кочани на 17 октомври 1944 година, како командант на чета во VIII Баталјон на XIV Македонска младинска народноослободителна ударна бригада.

Во спомен на неговата херојска смрт, СОУ „Ѓошо Викентиев“ - Кочани од декември 1959 година го носи неговото име.

Наводи

уреди
  1. Старо Кочани - личности - Ѓошо Виекентиев
  2. Загинаа за да живеат 1941-1945, монографија, октомври 1981 г., Кочани