Ѓорѓи Димзо
Маргарит Ѓорѓи Димица — Димзо (Охрид, 1830 — Атина, 1903) — грчки историчар и филолог со македонско потекло. Во грчката наука е познат под името Маргаритис Димицас (Μαργαρίτης Δήμιτσας).
Маргарит Ѓорѓи Димица - Димзо | |
---|---|
Роден(а) | 1830 Охрид, Османлиско Царство денес Македонија |
Починал(а) | 1903 Атина, Грција |
Националност | Македонец, Гркоман |
Занимање | историчар и филолог |
Животопис
уредиДимзо е роден во Охрид во 1830 година во македонско, а според некои во влашко семејство. Тој е првиот учен што напишал дела за античката топографија на Македонија и исцрпно ги регистрирал дотогаш познатите камени, епиграфски споменици. Се залагал за обновување на Охридската архиепископија со автокефален статус. Неговите потомци Димзови и денес живеат во стариот дел на Охрид – Варош.
Тој бил епиграф и историчар, специјалист за античка топографија и географија. Учел во Охрид и Јанина, а на универзитетот во Атина завршил филологија. Подоцна во Лајпциг и Берлин специјализирал класична филологија, филозофија и археологија. Работел во Битола и Солун. Во сворто училиште во Битола во 1851 година го основал првиот гимназиски клас.[1][2]
Маргарит Димзо напишал три книги кои за тема ја имаат Македонија. Во една пишувал посебно за Охридската архиепископија, во која се осудува нејзиното неправедно укинување во 1767 година. Бил изразит Гркоман и деец на Грчката пропаганда во Македонија.[3] Починал во Атина во 1903 година. Во 2016 година, познатиот охридски историчар на уметноста Гоце Жура издал монографија за него.[4]
Поврзано
уреди- Куќа на Димзови — семејната куќа, прогласена за културно наследство на Македонија
Наводи
уреди- ↑ Παπαδόπουλος Στ, εκπαιδευτική και κοινωνική δραστηριότητα του Ελληνισμού της Μακεδονίας κατά τον τελευταίο αιώνα της Τουρκοκρατίας, Θεσσαλονίκη 1970, σ.137. Цитат по София Илиаду – Таху.
- ↑ „Παιδαγωγικοί προβληματισμοί και μεταρρυθμιστικοί πειραματισμοί στο Γυμνάσιο Μοναστηρίου Πελαγονίας (1876-1912):η εκσυγχρονιστική ορμή και το αίτημα της εθνικής επιβίωσης“. Архивирано од изворникот на 2012-10-18. Посетено на 2019-04-02.
- ↑ Трайков, Никола. Един родоотстъпник за дейността на Димитър Миладинов в Кукуш, в: „Братя Миладинови. За памет на 75 години от тяхната мъченическа смърт”, С., 1937
- ↑ ГОЦЕ А.ЖУРА ИЗВЛЕКУВА ОД ЗАБОРАВ УШТЕ ЕДЕН УЧЕН ЧОВЕК ОД ОХРИД[мртва врска]
Надворешни врски
уреди- Ѓорѓи Димзо на Ризницата ?