Ѓоре Држиќ
Ѓоре Држиќ (6 февруари 1461 – 26 септември 1501) — претставник на петрархистичката школа на дубровничката поезија. Во дубровничката јавност се појавува како поет речиси во исто време со Шишко Менчетиќ, но неговата поезија го нема оној еротски набој што го има творештвото на Менчетиќ.
Живот и дело
уредиЃоре Држиќ бил од граѓанско дубровничко семејство. Се стекнал со високо образование, студирал во Италија право, и работел како правник. Ѓоре Држиќ живеел лагоден живот на богат човек. Направил кариера во чиновничката хиерархија во Дубровник. Во 1497 година се оженил со Маргарета Гундулиќ. Загинал релативно млад, на 40 годишна возраст во една голема катастрофа при експлозија на градскиот магацин. Марин Држиќ е негов внук од брат, но не го запознал. За него се знае дека бил свештееник во црквата “Госпа од нунцијате“ и еден од ректорите во цртквата Св. Свети и нотар во градската црква. За него се испредала и легенда дека бол вљубен во ќерката на Шишко Менчетиќ, но според Медини тоа е невозможно поради разлика во годините.[1]
Се сметало дека голем број од песните во зборникот на Никша Рањина му припаѓаат на Ѓоре Држиќ, но откако во Даблин (Ирска) — пронајдена збирка песни насловена како „Ѓорета Држича Пјесме“, и откако песните се споредени со оние што му се припишувале на Ѓоре, се видело дека многу песни од зборникот на Рањина не се негови. Откако тие песни го изгубија неговото авторство, влегоа во песните на непознати автори.
Има една одлика во поезијата на Ѓоре Држиќ, а таа одлика се состои во тоа што многу често песните имаат акростих кој произлегува од неговото име (вид на авторски потпис). Акростихот некогаш е остварен во дистих, некогаш во почетните букви на строфите од шест стиха, некогаш во катрени. Тоа е она што неговите песни ги прави препознатливи.
Песна со акростих во дистих:
оригинален текст: | превод на песната: |
---|---|
Горчије жалости јесу ли где кому
Изгубих муку сву, заман се све раби,
Оваквој за иних мнози лов ловише
Раних ја кошуту, ки слидих по гори,
Е то иним такој језеро извире,
|
Погорка тага имало ли за некого
И покрај цела мака, сè е за џабе
За нив многумина лов ловеја
Јас ранив кошута, што ја следев во гората
Така нив езеро им извира
|
Во песната секој дистих на крајот има внатрешна рима, и чисти рими на крајот на стиховите. Во оваа песна има еден средиштен збор што пет пати се повторува: иних, иним. Поетот се споредува со другите, а ефектот од оваа споредба го дава тажниот тон на песната. Поезијата на Ѓоре Држиќ е натопена во една голема тага. Споредено со неговиот живот, оваа тага е позерска, следење на модата, бидејќи објективно немал причина за вакви тажаленки, освен ако се сфати дека го опишува животот на луѓето околу него. Сепак има во неговата поезија и стихови во кои се слави убавината на животот, среќата и радоста.
Речиси 200 години живеел овој тип на пеење, и генерации се школувале со поезијата на Ѓоре Држиќ и Шишко Менчетиќ. Значајно и за двајцата е дека се меѓу првите поети во дубровничката поезија. По нив имало и поплодни поети, но никогаш не се појавил поет од ваков вид. Не случајно и зборникот на Рањина е исполнет со песни од Ѓоре Држиќ и Шишко Менчетиќ.
Влијанието на Ѓоре се гледа и во раното творештво на неговиот внук од брат - Марин Држиќ, кој правел свесни напорида го следи примерот на својот стрико.
Наводи
уреди- ↑ Povjest hrvatske književnosti I, Milorad Medini, Naklada "Matica Hrvatska“, 1902, str. 101 - 102.